Македонија
Германската министерка Бербок: Во моменти на менување на Уставот да не биде на прво место партиската книшка
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, посочи дека знае колку се важни моментите кога се прават промени на Уставот. Посочи дека улогата на опозицијата е важна потенцирајќи дека не треба да биде на прво место партиската книшка или резултатите на изборите. Бербок при посетата на Македонија рече и дека со страст се залага за Македонија и за членството во ЕУ. Рече дека нема многу време за средби, но ќе дојде повторно во декември.
„Во вакви моменти кога се прави промена на Уставот, а во процесот има многу разлика помеѓу демократиите и автокартиите или диктатурите – каде што се менува само со потпис на еден човек. Но, во демократијата мора многу напорно да се работи и за секој глас да се борите. И секој глас значи за да има 2/3 мнозинство. Мора да се седи на иста маса со опозицијата“, посочи Бербок.
Таа додаде: „Во моменти на менување на Уставот да не биде на прво место партиската книшка или изборите, туку прашањето зошто всушност се прави тоа“.
„Мене, генерално, важно ми е за време на моите посети, тоа не се однесува само за Северна Македонија туку и други земји, не само да има размена на мислења помеѓу министрите за надворешни работи и не само да се посети Владата туку да се добие претстава за луѓето. Надворешни посети не значат само да се сретнат министрите, туку и луѓето. Штета што денеска имам малку време, но во декември ќе дојдам повторно. Мене ми е многу важно да зборувам со сите демократски актери“, посочи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје
Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица.
Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки места со свои набљудувачи, а со тоа очекуваат да бидат воочени сите нерегуларности.
„Резултатите коишто ги имаме се се уште неизвесни. Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода, каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски учествува во изборите за вториот круг, забележавме дека имаме водство, што навистина ја отсликува волјата на народот“, соопштија од партијата Левица.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.


