Македонија
Ја договараме ДПА да го заебеме Заев, му кажува Груевски на Латас на телефон
Со репродуцирање на 8 необјавени бомби во кривичниот суд како реплика на доказите на одбраната, продолжи судењето за предметот ,,Титаник 2″.
Првите два разговори се меѓу експремиерот Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, уредникот на „Сител“ и „Вечер“.
,,Имаш брејкинг њуз. Има жалба за Кичево. Ќе има ново гласање и нова шанса”, му вели на 3 минути пред полноќ Груевски на Латас.
Во следниот разговор меѓу нив двајца, неколку минути по полноќ, на 28 март 2013 година, Груевски му вели на Латас дека се договараат да ја поддржат ДПА за да го зафркнат Заев.
,,Од ова праиме 3 дена драма”, го почнува разговорот Груевски со Латас. ,,Договараме со ДПА, они да нè поддржат, да го заебеме Заев”, му кажува расположениот Груевски на Латас.
Случајот „Титаник 2“ е за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Струмица. Обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и ексчленовите на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

