Македонија
„Глас за Македонија“: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа!
Поради крајна неодговорност која ја демонстрира во целиов период додека трае кризата со епидемијата поради која имаме една од најголемите смртности во светот, која на крајот резултираше со страшна смрт на 14 пациенти во модуларната болница во Тетово, „Глас за Македонија“ бара од Владата разрешување на министерот Венко Филипче во рок од 24 часа.
„Во цивилизарани земји оставка се дава од морални причини, но и да не се влијае на истрагата. Бидејќи тој не дава оставка, сега и веднаш, Владата мора да го разреши. Бараме итно испитување на одговорноста и на сите вклучени во синџирот: од противпожарната заштита на болницата, производителот на ваквите модуларни болници, до одговорните во фирмата која издала лиценци за овие болници.
Колку е цинична изјавата на Министерот кој кажува дека насекаде во светот биле исти модуларните болници! Зарем има такви кои горат за неколку минути? Зарем смеат пациенти да се сместуваат во такви пластични канти?
Ова е крајна негрижа, крајна неодговорност на целата Влада и на партиските институции на системот“, додаваат од „Глас за Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

