Македонија
Годинава во земјава се откриени 1.300 мигранти
Само во текот на десетте месеци од годинава откриени се 67 случаи на криумчарење на над 1.300 мигранти, и притоа кривично се пријавени над осумдесет сторители, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на конференцијата „Идни предизвици за управување со миграциите“, што се одржа во Скопје во организација на Македонското здружение на млади правници заедно со канцеларијата на УНХЦР. Сепак, рече тој, потребни се дополнителни напори и во другите сегменти за менаџирањето со миграциските проблеми.
Според Спасовски, прашањето околу миграциските политики, односно предизвиците што миграцијата ги носи, особено по настаните од 2015 година што директно ги почувствуваме сите ние не само во регионот туку и во цела Европа, несомнено и во годините пред нас ќе биде една од приоритетните теми на општествено-политичките агенди.
„Не само поради тоа што во нашето непосредно соседство, сè уште има голем број мигранти, туку и заради фактот што регионите од каде што и се случи силниот миграциски бран – Блискиот и Среден Исток и денес се далеку од реална стабилизација. Она што е евидентно е фактот дека миграцијата единствено може да се превенира и менаџира само доколку постои силно партнерство и соработка на сите европски држави, без исклучок. Партнерството, пак, го издигнува во фокусот на внимание предизвикот за координација, солидарност и нормативно-опертивна стандардизираност, неопходни за успешно справување со вакви предизвици“, рече Спасовски.
Министерот кажа дека нашата полиција бележи одлични резултати во поглед на откривањето и сузбивањето на илегалната миграција и криумчарењето на мигранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

