Контакт

Македонија

Годишни новинарски награди на ЗНМ: Храброст, истрајност и професионализам на дело

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели традиционалните годишни награди, оддавајќи признание на најистакнатите новинари и медиумски професионалци.

dobivaj vesti na viber

Комисијата за награди во состав Герман Филков, Душица Мрѓа и Сенат Зулбеари годинава ја додели наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ на Ѕвездан Ѓорѓиевски, како признание за неговиот траен придонес во македонското новинарство.

Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ) за сторијата: Службеничка од пошта ги штитела централите на ЕСМ од пепел, „пеплосан“

За најдобро новинарско известување на локални и регионални теми, наградата ја доби Фисник Џелили од Порталб.мк за сторијата „Насилството меѓу учениците – сериозен аларм во Тетово “.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), за првпат од своето основање, од оваа година воспоставува доделување на престижна награда за најдобар снимателски проект од јавен интерес, со што ја потврдува својата заложба за унапредување на новинарските и медиумските стандарди.

Kомисијата, составена од истакнати професионалци, меѓу кои Герман Филков, Душица Мрѓа и Сенат Зулбеари, а за категоријата сниматели дополнително и Зоран Догов и Сашо Доковски, имаше задача да ги оценува проектите кои се издвојуваат со својата креативност, техничка извонредност и значајност за јавниот интерес.

Наградата за најдобар снимателски проект од јавен интерес за 2024 година ја доби Иван Поповиќ за прилогот на тема: Климатски миграции: Преспа во трка со времето да ја зачува водат, објавено на платформата doma.edu.mk.

Признанија за посебен придонес во промоцијата на професионалното истражувачко новинарство добија: Новинарскиот истражувачки магазин КОД од ТВ Телма за сторијата: ,,Тендерите во лотарија за набавка на видеотерминали и милионите евра”,

Александар Димитриевски и Михаил Милошевски за серијата на прилози на тема: Бојан Христовски, поседува сертификат за познавање на англиски јазик од студио/училиште кој датира од период во кој издавачот на сертификатот ниту остварувал приходи (не работел), ниту пак бил на листата правни субјекти објавено на 360 степени.

Трајче Антоновски снимател од ИРЛ за најдобра камера и филмско изразување за сторијата на тема: Украдени животи.

Добитниците на овогодинешните награди изразија благодарност за признанијата, истакнувајќи дека наградите се мотив за понатамошна работа во интерес на јавноста.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, во своето обраќање пред присутните ги нагласи предизвиците со кои се соочуваат новинарите и важноста на солидарноста во фелата: ,,Денеска, со овие награди, ја славиме храброста, истрајноста и професионалноста на македонските новинари. Ги наградуваме оние што преку истражувачки приказни ја разоткриваат корупцијата и неправдата. Ги наградуваме оние што одат на терен, што зборуваат со луѓето, што пишуваат за гласовите кои ретко се слушаат. Ги славиме и оние кои преку своите колумни и анализи нè тераат да размислиме, да преиспитаме и да делуваме. Оваа година имавме рекорден број на пријавени апликации, стории, теми, анализи, видео проекти. Овие награди треба да бидат токму тоа – симбол на солидарност, на заедништво, на поддршка кога е најпотребна. Комисијата имаше одговорна задача, но уверен сум дека направи внимателен избор. Честитки за сите, не само за добитниците – секоја добра приказна е победа за јавниот интерес.” потенцираше Чадиковски.

На денешнешниот настан пред присутните се обрати и Ентони Беланжер – генерален секретар на Меѓународната федерација на новинари (МФН) кој ги поздрави наградените но и сите оние колеги кои се пријавиле со свои авторски трудови.  Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) е членка на Меѓународната федерација на новинари (IFJ), која претставува најголемата светска организација на новинари која обединува над 600.000 медиумски професионалци од 187 синдикати и здруженија во повеќе од 140 земји.

Претставникот на Комисијата за награди, Герман Филков, истакна дека изборот бил предизвик поради висококвалитетните апликации. Тој во своето обраќање рече: ,,Секоја комисија мисли дека има најтешка работа на целиот свет, ама овој пат навистина беше така. 4 категории, 48 пријави и – дури 99 новинарски производи, најголем дел од нив сложени стории и емисии. А само 4 награди. И можеа да се доделат и на 40 луѓе. Беше возбудливо уште еднаш да се проследат и прочитаат, и да се видат собрани на едно место 99 од најзначајните новинарски остварувања за 2024 година. Со сите проблеми, задршки и ограничувања со коишто се соочуваат новинарите, би рекол година за која може да се рече дека новинарството во Македонија е живо и клоца, а новинарите треба да се горди на својата агилност и способност. За секоја од четирите категории за која се доделуваат награди имаше голема и сериозна конкуренција. Сум бил дел од повеќе комисии за доделување новинарски награди, но морам да кажам дека за прв пат меѓу членовите на комисијата немаше различни мислења, ниту потреба од дополнителни напори за постигнување консензус. За сите четири категории – комисијата одлучи едногласно.” кажа Филков.

Здружението на новинарите на Македонија упатува благодарност до сите кои учествуваа во овогодинешниот конкурс и останува посветено на поддршка на професионалното новинарство.

Македонија

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.

dobivaj vesti na viber

Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.

Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.

Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.

-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност во Вила Водно

Објавено пред

Почна седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која на дневен ред е безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на седницата присуствуваат членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.

Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.

Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за што одлучува претседателот на Советот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски разговарал со шеикот Бин Зајед и дал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска телефонски се слушнал со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

dobivaj vesti na viber

Муцунски ја истакнал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и изразил сочувство за жртвите од нападите.

„Министерот остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, се вели во соопштението на МНР.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет28 минути

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет1 час

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет3 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет3 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет4 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет7 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија9 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет10 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет12 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет16 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет20 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет20 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет21 час

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет21 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет22 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет22 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија22 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет23 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет23 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...