Македонија
Голем број дејства, реконструкција, проверки – но три месеци ниту трага ниту глас од внукот на Бошкоски
По изминати речиси три месеци од грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, од него нема ниту трага ниту глас. Институциите тврдат дека трагаат по него, осомничените и натаму тврдат дека се невини и немаат никаква поврзаност, а родителите бараат каква било информација за грабнатиот. Од скопското Обвинителство за „Макфакс“ посочуваат кои дејства ги презеле, но не одговараат дали истрагата напредува за Костадиновски да биде најден.
„Во рамките на огромниот број дејства што Основното јавно обвинителство Скопје ги презема со цел пронаоѓање на лицето и обезбедување докази беше извршена и реконструкција на целиот настан во согласност со проверките направени до овој момент. Обвинителството крајно посветено работи на расчистување на настанот“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.
Притворот за осомничените скопјани, во чиј автомобил Костадиновски последен пат бил снимен како влегува, се продолжува од месец на месец. Обвинителството тврди дека тие може да избегаат, да скријат докази, да влијаат на сведоци – Кривичниот суд смета дека сомневањата се оправдани и треба да останат во затворот во Шутка.
„Макфакс“ претходно објави дека осомничените скопјани во затворот стигнале и до телефон, остварувале комуникација со лица од надвор, која не доведе до Костадиновски, но доведе до апсење дилери на дрога. Дополнително, обвинителот направи и реконструкција – осомничените кажуваа каде го возеле Костадиновски, но и каде го оставиле.
Костадиновски исчезна на почетокот од март. Во полиција пријави неговиот повозрасен брат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

