Македонија
Голем пожар во Тетово, гори млекарница (ФОТО+ВИДЕО)
Пожар се случи во млекарница „Хит73“ во тетовско Камењане, вечерва околу 19 часот, информираат од тетовската пожарникарска единица.

Поради пожарот голем густ чад се забележува и во Тетово како и од автопатот Тетово-Гостивар.

На местото на пожарот покрај противпожарни екипи од Тетово, пристигнаа и пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со де возила, а упатени се и екипи од Гостивар и Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Собранието го донесе Предлог законот за Судски совет
Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет со 73 гласови ,, за” и 1 ,, воздржан“, информираат од Министерството за правда.
Овој закон, како што појаснуваат, ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството.
„Клучни новини: Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот.
Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност.
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите.
Јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот.
Обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите.
Рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот.
Бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ“.
Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет, додаваат од ресорното министерство, ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во „Пошта“ како се пумпаат 300.000 евра годишно
Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните, изјави Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
„Одиме по ред. ‘Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ’ наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото.
Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подржуници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.
А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.
Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.
И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кој реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.
„Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“.
Недостауваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно.
Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари.
Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно.
Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата.
Како се прикрива ова?
Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хиниеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови.
Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас.
Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?
Кој ќе одговара?
АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат.
Работата не е завршена“, рече Димитријевиќ.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од ПОЦ.

