Македонија
Горат шуми и ниска вегетација во Велес, Македонски Брод и Василево

Во моментот на територијата на државата активни се вкупно три пожари, информираше Надица Вчкова во име на Главниот штаб за управување со кризи.
Во Општина Велес гори кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со два крака: еден кон с. Иванковци и друг кон с. Крушје (мешана шума). Во текот на денот тука беа испратени две специјализирани возила со екипаж на Дирекцијата за заштита и спасување и 30 припадници на Армијата.
Пожарот кај Општина Македонски Брод се протега помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, кадешто гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. На терен дејствуваат двата ертрактори.
Во Општина Василево, активен е пожарот кај селото Нивичино, кадешто е зфатена нискостеблеста шума.
Пожарот кај Николич, Дојран, е ставен под контрола, а кај Чучер Сандево е целосно изгаснат.
Надлежните апелираат на зголемена внимателност, да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат догорчиња, и да се почитува забраната за движење во шуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.