Македонија
Гори безистенот во Струга
Огромен пожар во центарот на Струга. Гори Безистенот.
На терен се десетина пожарникари со четири возила на Територијалната противпожарна единица Струга.
Причините за пожарот се уште не се познати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити: Зелената агенда, можност за голема координирана еколошка трансформација на регионот
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска присуствуваше и ја отвори годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС.
Меџити во своето обраќање ја истакна важноста на Зелената агенда за Западен Балкан како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот.
‘Со ваквата трансформација, ефикасноста на ресурсите, заштитата на природата и климатската акција ќе се постават во центарот на сите економски активности и предизвиците ќе се претворат во можности’, изјави Меџити, додавајќи дека кластерот 4 се однесува на Зелената агенда и одржливата мобилност, и како таков, овозможува директнен увид во поврзаноста помеѓу секторите, особено секторот енергетика, транспорт и животната средина, каде е опфатено законодавството од секторите врз кои секторот енергетика има директно влијание – квалитетот на воздухот и биодиверзитетот, водните ресурси.
Првиот вицепремиер информираше дека во однос на придонесот по мерки, најголемо учество во бројот на нови домашни зелени работни места имаат доградба на постоечки станбени згради со 42%, изградба на пасивни куќи 21%, обновливи извори на енергија без стимулации 6% и соларни термални колектори 8%.
‘Употребата на обновлива енергија создава работни места во производството, инсталацијата и одржувањето, поттикнувајќи го економскиот раст и иновациите во енергетската област. Дополнително, со диверзификација на изворите на енергија, обновливите извори ги прават енергетските системи помалку зависни од увезените фосилни горива, со што се подобрува енергетската безбедност’, додаде Меџити.
Меџити на годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС изрази поддршка на интервенциите во примената на обновливите извори на енергија, условена со ненарушување на животната средина и природата.
Македонија
Ѓорѓиевски: После половина век нов асфалт добива улицата “1438” во Пинтија
Со голема динамика се одвива инфраструктурната обнова на општина Кисела Вода. Во Пинтија, во моментов после 50 години нов асфалт добива улицата “1438” на површина од околу 2000м2. Само годинава, во ова населба досега се асфалтираат улици во должина од над 3000 метри или за овие три години, околу 5400 метри.
-После половина век нов асфалт добива улицата 1438 во Пинтија! Со засилено темпо се одвива обновата на Кисела Вода. Во овој момент, се работи на улицата “1438” во Пинтија на површина од 2000m2, која повеќе од пет децении не била предмет на интерес на ниту еден од моите претходници, што е евидентно од големите оштетувања. Овој отпочнат проект е само уште од низата докази дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови а барањата на граѓаните се мој приоритет. Ликот на Кисела Вода го менуваме секој ден кон подобро. Продолжуваме во сите урбани и месни заедници. Мојот народ заслужува-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Скопје
Герасимовски: Досега од јавните површини дислоцирани се околу 40 хаварисани возила
Граѓаните се приклучија на акцијата за бесплатно дислоцирање на хаварисани возила. Општина Центар во соработка со пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР веќе спроведува акција за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини со јавување на телефонскиот број 076 350 767 со цел ослободување на јавната површина.
„Со заедничката акција која ја спроведуваме досега од јавните површини дислоцирани се околу 40 возила. Сопствениците на хаварисани возила имаат одлична можност да се јават на бесплатниот број да го пријават своето нерегистрирано или неисправно возило за истото да биде однесено во отпад каде ќе им биде проценето согласно откупната цена за старо железо. Затоа во оваа прилика ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и помогнат во ослободување на јавните површини, тревниците, паркинг местата и да ја променат сликата во општината“, вели Герасимовски.
Општина Центар ги известува граѓаните дека пајак службата на ЈП ПОЦ, бесплатно може да ги подига и возилата на приватен имот доколку има согласност од сопствениците или доколку истите бидат изнесени на јавна површина.