Македонија
Гоцевски: Патната инфраструктура што е направена во Делчево е од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ се вети, а со прст не мрдна
Денес Иван Гоцевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево истакна дека локалната власт во Делчево ја има СДСМ, а состојбата во општината е очајна. Состојбата можеше да се увиди и при теренските посети кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ при посета на селата и населбите во делчевскиот регион, вели тој.
„Сакам да кажам дека во сите населени места каде што бевме можеше да се увиди огромно незадоволство кај граѓаните од локалната власт во Делчево т.е. од градоначалникот Горан Трајковски, но има и незадоволство и од централната власт исто така. Можеме и со денови да зборуваме колку е големо незадоволството кај граѓаните од тоа колку е задолжена Општината, колку е задолжено комуналното претпријатие, колку е несервисна Општината, колку е несервисно и самото претпријатие. И можеме да говориме и за тоа колку младите се иселени од Делчево“, нагласи Гоцевски.
Тој додаде дека земјоделците се незадоволни и од тоа што нивните субвенции се преполовени. А, дечиња веќе нема по училишните клупи, буквално градот се празни. А, за тоа е виновна и локалната и централната власт кои ги предводи СДСМ.
„Денешната тематика на оваа трибина е друга, треба да разговараме за инфраструктура и затоа јас ќе се потрудам накратко да ви доловам. По населените места каде што бев со мојот тим, со тимот на општинскиот комитет, со тимот на Драган Ковачки може да ги издвоиме основните инфраструктурни проекти кои што локалната власт на СДСМ т.е. градоначалникот Трајковски и централната власт на СДСМ на премиерот Ковачевски ги ветувале, а не ги реализирале. Тоа е револт од луѓето кои што ги посетивме, тоа не е мое мислење, туку мислење на граѓаните. Значи најпрвин во селото Илиово затекнавме ситуација каде што имаме руинирани патишта, нема патишта до сите маала. Иста е ситуацијата и во село Турија и до скоро таму имавме проблем каде што три дечиња не одеа на училиште цел месец од причина што операторот што го зел тендерот за да ги вози до училиште не ги земаше со оправдување дека нема пат“, појасни Гоцевски.
Гоцевски укажа дека во село Бигла нема пробиени улици, нема водоснабдување, а градоначалникот во ек на кампања им ветуваше се и сешто. „Во село Габрово патната инфраструктура е пропадната. Таква е ситуацијата во многуте села во делчевско“, додава тој.
„Да ги потсетам граѓаните на Делчево во селото Ѕвегор сите улици кои што се направени, се направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Единственото игралиште спортско е направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ“, потсети тој.
Гоцевски нагласи дека патната инфраструктура што е направена во Делчево е од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ се и сешто вети, а со прст не мрдна за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

