Македонија
„Гоце Делчев“ е првото основно училиште во Аеродром што премина на греење со пелети

Подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче од оваа грејна сезона почна да користи пелети за греење заменувајќи го досегашниот систем на нафта, информираат од Општина Аеродром.
„Ова е прво училиште во општина Аеродром што премина на ваков систем на загревање и се надевам дека во наредниот период и другите училишта во нашата општина што се загреваат на нафта ќе го следат овој пример“, изјави градоначалникот на општината, Златко Марин.
Тој заедно со заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска го посети училиштето и изврши увид на новиот котел што работи на пелети.
Котелот на пелети е набавен од Општина Аеродром и Бирото за регионален развој со заеднички средства.
Марин додаде дека се очекува трошоците за греење на овој објект да бидат препопловени, а како што истакна, уште поважно е тоа дека со ваквиот начин на загревање ќе се даде голем придонес за намалување на загадувањето на животната средина и на амбиенталниот воздух.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.