Македонија
Градоначалникот на Гостивар бара пократок полициски час и отворање на кафеаните
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ќе му предложи на Централниот штаб, полицискиот час во работни денови да почнува во 21 часот, а за викенди и државни празници од 15 часот. Исто така, градоначалникот предлага кафеаните да работат според моделот „земи и оди“ (шалтерска форма), исто како локалите што продаваат храна.
Во Гостиварскиот Регион регистрирани се три нови случаи на коронавирус во последните два дена, со што вкупниот број е 17.
„За жал, имаме еден починат, излекувани се 6 и имаме 10 активни случаи, од кои 6 во општина Гостивар и 4 во општина Врапчиште, а вкупно се тестирани 202 лица“, информира Таравари во својство на претседател на Меѓуопштинскиот кризен штаб.
Тој истакна дека ситуацијата е релативно стабилна, но дека претпазливоста на граѓаните и почитувањето на препораките од Владата треба уште повеќе да се зголемат, особено по олеснувањето на мерките за изолација.
Од Општината соопштија дека една од препораките што произлегле од денешниот состанок била да му се предложи на Централниот штаб полицискиот час во работни денови да почнува во 21 часот, а за викенди и државни празници од 15 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

