Македонија
Градоначалникот на Кисела Вода оствари средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, неговата екселенција Џанг Ѕуо. Средбата се случуваше во „Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”, училиштен објект кој се изгради во 2014, со целосна донација од НР Кина.
Градоначалникот и амбасадорот заедно го разгледаа училиштето, како и училишната спортската сала која исто така се изгради со кинеска финансиска поддршка во 2019 година. Поразговараа и се договорија за сферите во кои постојат можности за унапредување на соработката. Средбата беше заокружена со подарок за училиштето од страна на кинеската амбасада, дванаесет таблети кои треба да помогнат во изведување на наставата.
„Од мое лично име и од име на сите наши ученици и вработени во ООУ ‘Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство’, сакам да се заблагодарам и да истакнам дека силно ги почитуваме и вреднуваме сите досегашни инвестиции на НР Кина во нашата општина. Посебно ме радува што од нив најголем бенефит имаат најмладите, нашите ученици од Драчево. НР Кина во многу наврати докажала дека е голем пријател на општина Кисела Вода, бидејќи пријателството се мери преку добрите дела. Искрено верувам дека ова вредно и долготрајно заемно почитување ќе продолжи, а нашата соработка ќе се продлабочи”, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Амбасадорот Џанг Ѕуо истакна дека образованието значи вложување во иднината и претставува гаранција за севкупниот напредок на општеството. Оттука, подвлече, Општина Кисела Вода може да очекува поддршка од НР Кина во проекти за подобрување на условите во училиштата, но и во многу други сфери, истакна тој додавајќи дека со задоволство ја прифаќа понудата на градоначалникот за официјална средба во општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

