Македонија
Градоначалникот Ѓорѓиевски положи свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу
Градоначалникот Ѓорѓиевски и делегација од Општина Кисела Вода, денес положија свежо цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу во истоименото училиштето, кое денес го одбележува својот патронат. Ова училиште постои 61 година и со себе ја носи историската мисла за македонскиот херој Питу. Задачата на секој поединец, а особено на училиштето и на локалната самоуправа, е таа мисла да се пренесе на следните генерации и да се води грижа за достојно одржување на сите објекти, кои во негов спомен му го носат името, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. Наведе дека ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“, по завршените реконструктивни зафати, доби нови покрив и фасада, како и лифт за децата со посебни потреби, сензорна соба, пристапни рампи, специјални тоалети, тактилни патеки, со што тоа е првото целосно инклузивно основно училиште во Скопје.
„Гордост е да се биде во училиште што го носи името Кузман Јосифовски-Питу бидејќи тој има големо значење во македонската историја. Запаметен е како еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на НОБ во Македонија, како еден од првите македонски борци што го добиле одликувањето народен херој, како лик што честопати, поради своето храбро дело, е нарекуван и Гоце Делчев на Народноослободителната борба.
И токму затоа сме должни како Македонци да застанеме пред паметникот на овој голем херој и да му оддадеме чест. На нашите ученици да им раскажеме за неговата борба и да им укажеме на големината на името Кузман Јосифовски-Питу. И на оваа генерација, и сите пред неа и на сите што доаѓаат! А паралелно со пренесувањето на историската мисла, наша задача е да се погрижиме за достојното одржување на сите објекти, кои во негов спомен му го носат името.
Затоа, ми претставува уште поголема чест што веќе една година како градоначалник на општина Кисела Вода ја имам одговорната задача да бидам лидер на тимот што се грижи за инфраструктурните подобрувања, кои во ова училиште се повеќе од видливи. По завршувањето на реконструктивните зафати, „Кузман Јосифовски-Питу“ 61. година од постоењето ја почнува како првото целосно инклузивно основно училиште. Објектот има нов покрив, термоенергетска фасада, нова сензорна соба, лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, тактилни патеки, што има дополнителна важност ако е знае дека во ова училиште функционира центар за поддршка на учење на ученици со попреченост.
Подобрувањето на ликот и унапредувањето на условите за учење и работа се наша обврска на која посветено ќе работиме и во годините што претстојат. Приказната за Кузман Јосифовски-Питу почната во минатото, ќе продолжат да ја испишуваат сегашните и идните ученици, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Патронатот на училиштето беше одбележан со музичко-сценска програма во изведба на учениците, како и крводарителска акција организирана во соработка со Црвениот крст – Кисела Вода, на која учество зедоа повеќе хумани граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.