Македонија
Градоначалниците на СДСМ преку тендери го оштетувале буџетот, обвинија говорниците на трибината на ВМРО-ДПМНЕ
Градоначалниците на СДСМ преку тендери го оштетувале буџетот и приватниот сектор, не наплаќале рамномерно данок на имот и не користеле ЕУ грантови за проекти, обвинија говорниците на трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ, насловена: Што наследија општините.
Пратеникот Миле Лефков истакна дека откако СДСМ е на власт во државата се гради една култура на неказнивост па затоа претходните градоначалници од редовите на СДСМ правеле сомнителни и коруптивни тендери.
„Ако поставиме една клима на неказнивост се случува она што се случува, односно ги трпиме оние последици кои што ги трпиме. На пример кога објавуваме и кога ги објавивме криминалните и сомнителни тендери кои што се гледаат во Општина Бутел, во Општина Гази Баба, во Општина Кисела Вода каде што гледате еден метален столб во висина од 4 метра се продава за 9900 денари а во истата техничка документација имате 10 понуди под него во кои што го имаат тој метален столб од 5 метри и од 8 метри кој што чини само 1.8 денари. Е сега, првата работа кој секој би помислил е дека на овој начин алудираме на тоа што се оштетува буџетот а тоа е точно, меѓутоа ако ја погледнете корупцијата ќе видите дека никој не би дал понуда за метален столб од 5 метри од 1.8 денари ако не е сигурен дека градоначалникот нема да го нарача токму тој столб“, рече Лефков.
Според него ова значи дека од една страна со корупцијата имаме оштетување на буџетите, а од друга страна имаме оштетување и на приватниот сектор. Над 6.500 компании и луѓе кои чесно работат, вели Лефков, не можат да функционираат во таква клима на корупција.
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека градоначалниците од СДСМ не наплаќале рамномерно данок на имот, додека граѓаните чесно плаќале.
„Има ситуација во една скопска општина каде што еден правен субјект плаќа данок на имот за 5000 метри квадратни, а располага со 95 илјади метри квадратни, објасни Димитриеска Кочоска прашувајќи дали разликата завршувала во кампањи или во нечиј џеб.
Димитриеска-Кочоска потенцираше дека за градоначалниците од СДСМ мисловна именка биле и користење на средства од ЕУ фондовите, што според нејзе е огромна штета за граѓаните на тие општини.
![]()
„За жал состојбата е алармантна и катастрофална во овој дел и имаме една слика каде што речиси и да нема готови проектни документации. Кога станува збор за користење на средства од ЕУ фондови можам комплетно да кажам дека тоа е како мисловна именка за нив, значи воопшто не се ни направил обид за користење на такви грантови од ЕУ фондовите, што сметам дека е огромна штета за граѓаните на тие општини“, кажа Димитирриеска Кочоска.
Обвини и дека уште како технички заменик министер побарала увид во извештајот за тоа како се трошеле 50 милиони евра кои што владата ги додели на општините во вид на еднократна парична помош, додавајќи дека истите не се искористиле за сервисирање на доллговите.
Гоце Димоски на денешната панел дискусија изјави дека градоначалниците од СДСМ не се грижеле за локалниот развој, а нивото на капитални инвестиции е разочарувачко ниско. Димоски преку анализа на два периоди 2013 -2016 споредено со 2018 – 2021 појасни што наследија општините, односно колку лоша реализација на капитални инвестиции имале градоначалниците од СДСМ.
„Можеме да заклучиме дека периодот 2018-2021 се карактеризира со тоа дека вкупните расходи се зголемувале, а за жал се помалку и помалку капитални инвестиции се реализирале. Односно тие градоначалници не се грижеле доволно да го развијат локалниот економскиот развој“, заклучи Димоски.
![]()
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ на трибината подвлече дека иако енергетската криза го стеснува просторот за капитални инвестиции ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ќе изнајде механизми за реализирање на ветеното.
„Кај општините наследивме раст на долгот, а исто ќе наследиме и кај централната власт. Наследивме високи доспеани, а не наплатени обврски кон добавувачи од јавен и приватен сектор. Истото важи и за општините и за централната влада. Наследивме високи расходи за разни трансфери, а тоа е една категорија во сива зона и треба да се гледа по конта каде се отидени парите, а во најголем дел на случаи може и иницира на некое незаконско трошење. Наследивме високи договорни услуги како на локално така и на централно ниво и договорни услуги се оние услуги каде што по сите меѓународни извештаи можеби може да се најде кај стои корупцијата во нашата држава“, потенцираше Кадиевска Војновиќ.
![]()
Таа исто така истакна дека иако е пораснат долгот, ниту општините ниту централната влада имаа раст на капиталните инвестиции, а тоа значи дека долгот не се креираше за локален развој, ниту пак за развој на државата.
„Има ниска наплата на сопствени даноци, пред се на данокот на имот како извор на приходи и ниска финансиска транспарентност и отчетност на општините. Сѐ ова заедно со енергетската криза којашто ги погоди не само домаќинствата и бизнисите, приватните бизниси и локалните власти, сето ова го стеснува просторот за капитални инвестиции, меѓутоа ова не значи дека не треба да се реализираат и не треба ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија да бара механизми и начини да ги реализира сопствените ветени проекти“, додаде Кадиевска Војновиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

