Македонија
Градоначалници од пет континенти дојдоа на самит во Скопје, Арсовска и Пендаровски ги пречекаа
Денес во Скопје се одржува самит на Глобалниот парламент на градоначалници 2023 година чиј домаќин е градоначалничката Данела Арсовска. Град Скопје утрово извести дека градоначалници од пет континенти се дел од годинешниот самит со тема „Моќни, ангажирани и хумани градови: Обезбедување демократија и развој за идните генерации“.
Пред почетокот на самитот, Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници одржа седница, а градоначалничката Арсовска ја додели наградата за глобални градови „Бенџамин Барбер“ на градоначалничката Рохеј Малик Лоу од Банџул, Гамбија.

Членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент предводени од градоначалничката Арсовска ги прими претседателот Стево Пендаровски.
На самитот се очекуваат 150 градоначалници од целиот свет. Град Скопје извести дека ќе бидат разменети меѓународни искуства за соработка и заеднички проекти за надминување на предизвиците и подобрување на услугите на локално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

