Македонија
Градските комунални инспектори со контроли на терен
Одделението за комунална инспекција при секторот Инспекторат на Град Скопје во текот на изминатата недела вршеше контрола на целата територија на Град Скопје.
Инспекторите излегле на терен и извршиле девет контроли на физички лица и на правни субјекти по основ на поднесени електронски преставки на е-пошта [email protected]. Извршени се седум инспекциски надзори по претставки поднесени преку архива поднесени од физички лица и правни субјекти, четири со задолжување со решенија, а изречени се и 3 казни на физички и правни лица по Законот за јавна чистота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Влада: Првите 100 дена се заокружуваат со покачување на пензиите на над 330.000 пензионери за 2500 денари и многу реализирани проекти
„Од денеска започна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2500 денари. Иако ветувањето беше дека во првата година од мандатот ќе се покачат пензиите, Владата во првите 100 дена го реализира ова ветување“, соопштуваат од Владата.
„Над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2500 денари, со што пензионерите конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, достоинствени пензии и поквалитетен животен стандард.
Линеарното покачување на пензиите за вкупно 5000 денари е уште едно ветување реализирано од страна на Владата и премиерот Христијан Мицкоски.
За Владата недозволиво е пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови, да протестираат и да молат за повисоки пензии.
Владата останува 100% посветено да работи за пензионерите и за сите граѓани. 100% посветени. За тебе!“, се наведува во соопштението на Владата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните
„СДС и натаму тоне. Последните анкети говорат дека се пет пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ. Оттука очигледна е нервозата и следат навреди кон граѓаните што е за осуда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС одговорот од граѓаните го доби на изборите во мај. Граѓаните рекоа јасно не за политиките на СДС. Граѓаните ја казнија СДС.
Од СДС пак како да не разбираат и наместо во јавност да настапуваат со визија, тие удрија по граѓаните.
За СДС под водство на Венко Филипче граѓаните се будали, а за претходниот претседател на државата, Стево Пендаровски беа стока.
Оттука СДС вината за тонењето да ја бараат во своите редови кои не знаеја ништо освен навреди и практикување на големо на корупција и криминал.
СДС треба едноставно да се извини за речникот кон граѓаните и да погледне кон себе. Навреди на адреса на граѓаните не смее да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„100 дена влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, скандали и изолација на државата“, велат од НСДП
„Се навршуваат 100 дена од изборот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена на безидејност, скандали и чекори за изолација на државата, политики на застранување од стратешките државни приоритети“, велат од НСДП.
Од партијата истакнуваат дека ова е очекувано, знаејќи, како што велат „дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во „заробена држава“ и на добар пат се да ја вратат државата на ниво како што ја оставија во 2017 година“.
„За 100 дена нема отпочнато ниту една значајна реформа, ниту еден значаен проект со кој може да се пофалат пред граѓаните и да ја оправдаат големата поддршка која ја добија на изборите.
Граѓаните ги прелажаа со еден куп на лажни проекти, лажни реформи и манипулации, а од сето тоа за 100 дена имаме едно големо ништо. Европската Унија даде зелено светло за Албанија на 15 октомври да го отвори првиот преговарачки кластер од пристапните преговори со Европската унија, а Северна Македонија останува заглавена и изолирана во популистичките политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
На граѓаните им ветија враќање на поранешното уставно име на државата и репреговарање на договорот со Бугарија и преговарачката рамка со Европската Унија, но од тоа нема ништо, се било една огромна изборна лага. Кога седнаа во функционерските фотелји престана да им пречи Северна Македонија, а за предлогот на премиерот Мицкоски за менување на преговарачката рамка не добија поддршка од никој во Брисел.
Мицкоски ја задолжи државата со 500 милиони евра од Унгарија, иако стратешките финансиски партнери на државата нуделе поповолни кредити, ова само покажува дека се поочигледно следува процес на орбанизација во нашата држава“, соопшти НСДП.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу лошо се справи со големиот број на пожари кои ја зафатија државата, првпат после подолго време просечната плата се намалува, економско-социјалниот дијалог не функционира, растот на платите е застанат, граѓаните и претпријатијата се оставени сами на себе да се справуваат со економската состојба, а од надлежните секојдневно слушаме празни изговори и оправдувања, иако сега имаат апсолутна власт, претседател на државата, парламентарно мнозинство, влада и 2/3 од локалната самоуправа.
Стопирани се стратешки проекти за државата како коридорот 8 и остануваат неискористени многу грантови од Европската Унија, катастрофата што му се случува на главниот град Скопје ја снајде и државата владеана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Неработата и безидејноста на Владата се обидуваат да ја покријат со многу лаги и манипулации и со најави за дестабилизација на државата, можни етнички конфликти, што секако не е ни блиску до реалноста. Време е да се фатат за работа, затоа што државата се соочува со многу предизвици!“, се наведува во соопштението на НСДП.