Македонија
Град Скопје почна акција за чистење и казнување за приватни депонии
Инспекторите за животна средина на Град Скопје деновиве почнаа акција за чистење и казнување за приватни депонии, односно имот на кој сопствениците дозволиле од негрижа или од лукративни причини да се направи отпад во скопските општини.
Врз основа на пријава од граѓани или самоиницијативно инспекторите за животна средина првин вршат инспекциски надзор, ја констатираат состојбата на терен со записник и издаваат решение со кое ќе ги задолжат сопствениците на имотот во даден рок да постапат по даденото решение.
Доколку сопствениците на имотот не постапат по тоа решение, инспекторите ќе изготват ново решение, со кое се задолжува ЈП „Комунална хигиена“ да ја исчисти наведената локација. Трошоците за чистење му се фактурираат на сопственикот на приватниот имот што го направил или дозволил да се направи дива депонија. Во оваа постапка инспекторите постапуваат според Законот за управување со отпадот и Законот за животната средина.
Во текот на минатата недела, по издадено решение од инспекторите за животна средина, исчистена е дива депонија на раскрсницата меѓу булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица, кај трговскиот центар „Ист гејт“, а која претставуваше децениски проблем за целата околина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

