Македонија
Град Скопје: За шест месеци се подигнати и реконструирани 50.000 квадратни метри зелени површини

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во изминатите шест месеци на површина од 7.566 квадратни метри, по должината на булеварите, улиците, во парковите и на вонградското зеленило засадија 313.601 цвеќе од повеќе видови, соопшти Град Скопје.
„Во периодот јануари – јуни 2018 година беа подигнати поголем број нови зелени површини во Скопје, а постојните беа реконструирани. Поточно, во првата половина од годинава беа подигнати и реконструирани 50.690 квадратни метри зелени површини, односно 35 отсто повеќе од истиот период лани кога биле подигнати 37.557 квадрати зеленило“, се вели во соопштението.
Од Градот велат дека по подолг период, оваа година е набавена нова механизација за ЈП „Паркови и зеленило“ за оптимално одржување на зеленилото во градот. Исто така, во изминатите шест месеци популарните излетнички места, рекреативните центри и парковите во Скопје се збогатени со нова урбана опрема.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ одржуваат 51.837.915 квадратни метри градско и вонградско зеленило на подрачјето на град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Водовод и канализација – Скопје: Последен ден од акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денес.
„Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започна од 17.02.2025 година, а завршува заклучно со 02.04.2025 година.
Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:
02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje
Македонија
Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што истата е излеана преку мостот кај н.м.Љубош и низводно, и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци, како и делови кон Пинтија.
Исто така пријавено е и поплавување на дел од булеварот Борис Трајковски кај населба Пинтија, каде исто така имало пријави за поплавени магацини. Според информациите од лицето за контакт од ЕЛС Студеничани, интервенираат службите на ЕЛС Студеничани со локалните фирми, а исто така на терен има и претставници од ЕЛС Кисела Вода.
Во текот на ноќта, на Единствениот број за итни повици 112 добиени се и пријави за поплавени куќи во Горно Лисиче (општина Аеродром), каде интервенира ЕЛС Аеродром.
Исто така, на поплавените места интервенираат и БППЗ на град Скопје и Јавните претпријатија на град Скопје и ЕЛС.
АМСМ известува дека непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче према село Долно Лисиче (општина Аеродром) и првиот мост во село Батинци (општина Студеничани).
ЈСП Скопје, известува дека поради поплавите од Маркова река, автобусот со број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла и автобусот со број 33 преку населба Драчево во двете насоки.
Македонски железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај, од 22:50 часот е во прекин во правец на Лисиче и Драчево и обратно, додека патничкиот сообраќај се одвива преку станицата Трубарево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на ул. Копенхагенска, крстосница со ул. Стокхолмска во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Копенхагенска, Стокхолмска, Софиска, Његошева, Гаврил Лесновски и Петар Драганов во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:30 часот до завршување на интервенцијата.