Македонија
Град Скопје ќе отвори сензорна соба во населбата Радишани
Град Скопје во соработка со Општина Бутел ќе отвори сензорна соба во градинката „11 Октомври“ во населбата Радишани. Во собата ќе се третираат деца со развојни нарушувања и аутизам, а со нив ќе работи стручен тим составен од дефектолог, педагог, психолог, логопед и воспитувачи.
Целта на отворање сензорна соба е да се одговори на потребите на децата со развојни нарушувања и аутизам, како и да се подобри квалитетот на живот на децата и нивните семејства. Раниот и предучилишен период е клучен за развој на сензорната интеграција.
Сензорната соба ќе биде со површина од над 60 квадратни метри, со адаптиран тоалет за лица со попречености и одвоен влез од влезот што вообичаено се користи. Услугите во сензорната соба ќе може да ги користат децата од територија на општина Бутел. Работата со децата се изведува преку индивидуален пристап, а дневно ќе може да се опфатат 10 – 12 дечиња. Во собата за сензорна интеграција се предвидува и примена на музикотерапија.
Собата ќе се опреми со меки подови и ѕидови, интерактивна туба со вода, топчиња и меурчиња кои плутаат, ротирачка дискотопка, сноп од светлечки оптички влакна, рефлектор, огледални фолии кои го зголемуваат ефектот на целата преостаната опрема, аеросол-ароми за аромотерапија, вибрациона музичка фотелја, подлога во вид на перница, UV-ламба, кружен балансер со масажер и други елементи што треба да ги задоволуваат светските норми и стандарди за квалитет.
Град Скопје за оваа намена издвои буџет во висина од 700.000 денари за опремување на сензорната соба, а одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел за финансиско учество за опремување на сензорна соба ќе биде на дневен ред на наредната седница на Советот на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

