Македонија
Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството
Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето на здравството, недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките да ја пријават на веб-страницата на Министерството за здравство. Оваа новина ја претстави утрово министерот за здравство, Азир Алиу.

Пријавата е анонимна, но оние што сакаат ќе може да остават телефонски број на кој би можеле да бидат побарани за да им се реши проблемот
„Може да се пријави подолго чекање на некоја клиника или некоја нерегуларност. Има можност да се приложат и фотографии и документи како докази“, рече министерот Алиу.
Пријавата е анонимна, но оние што сакаат ќе може да остават телефонски број на кој би можеле да бидат побарани за да им се реши проблемот, а може и да испратат фотографии и документи за проблемот што го имаат.
Министерот Алиу најави дека на крајот на секој месец ќе објавуваат за кои клиники стигнале најмногу пријави и жалби од граѓаните.
Ова не е единствената техничка новина откога за министер е дојден Азир Алиу, кој претходно беше министер за информатичко општество и администрација. Од викендов на веб-страницата на Министерството за здравство преку алатката „Отворен кабинет“ граѓаните може да закажат 15-минутна средба со министерот секој петок. Министерот Алиу за оваа алатка објасни дека не е само техничка новина, туку став оти институциите мора да ги слушаат граѓаните.
На веб-страницата на Министерството за здравство поставена е и посебна апликација преку која приватните специјализанти може да изразат интерес за вработување во јавните здравствени установи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

