Македонија
Груевски: Не сум обвинет за земање провизија, туку дека сум сакал да добијам политички поени

Во врска со изјавата на портпаролот на СДСМ поврзана со градбата на патиштата ја информирам јавноста дека во овој случај, ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата не сме обвинети за земање на провизии како што тврди тој, реагираше поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук во врска со прес-конференцијата на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.
,,Обвинението против мене е по истиот член 359 како во случајот за набавката на блиндираниот ,,мерцедес”, влијание заради остварување корист.
Во случајот за ,,мерцедесот”, користа исто така не е некаква провизија, туку наводната корист била што покрај останатите гости од странство и јас сум сакал понекогаш да бидам превезуван со тоа возило, и со тоа сум остварил корист. Во случајот со патиштата користа за која СЈО ме терети е дека сум сакал со изградбата на патиштата како политичар да добијам политички поени од граѓаните пред парламентарните избори.
Кој не верува во ова нека повели на рочиште во судот да му го покажам и да го прочита обвинението во оргинал. Судските рочиштата се отворени за сите граѓани”, вели Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за управување со кризи.
„ЕВН дел по дел полека го враќаат протокот на струјата во нисконапонскиот дел во нормала. За краток период се очекува целосно нормализирање на состојбите“, соопшти ЦУК.
Македонија
Македонските научници и истражувачи ќе соработуваат со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Македонија ја продлабочува соработка со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC). Неодамна потпишаниот договор помеѓу Министерството за образование и наука и овој рефернтен центар за наука и истражување на ЕУ, отвора нови перспективи за македонските научници и истражувачи. Тие добиваат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на одржливи згради и инфраструктура, индустрија 4.0 и паметна специјализација.
За да се запознаат научниците и истражувачите со условите и начинот на кој можат да добијат поддршка од JRC, денеска на Машинскиот факултет во Скопје беше организиран инфо ден, на кој се обратија деканот проф. д-р Златко Петревски, претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и заменик генерален директор на Заедничкиот истражувачки центар, Матијас Оел.
Според деканот Петревски, настанот претставува значаен чекор напред во отворањето на македонското научно-истражувачко општество кон европските мрежи на знаење и иновации. Рече дека им се овозможува на македонските истражувачи да пристапат до врвни ресурси, знаење и заеднички проекти од клучно значење за развојот на државата.
„Соработката меѓу Македонија и Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија влегува во нова ветувачка фаза. Мојата неодамнешна посета на институтот во Испра ја потврди нашата посветеност за продлабочување и проширување на ова партнерство и со големо задоволство тоа го официјализираме со Рамковен договор за истражување, кој ќе биде од клучна важност за спроведување на Стратегијата за паметна специјализација на државата”, рече министерката Јаневска.
Посочи дека соработката дополнително ќе ја промовира мобилноста на истражувачите, нудејќи можности за докторски и постдокторски кандидати од земјава да бидат сместени во научните директорати на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.
„Без силна наука и без силно образование, не можеме да имаме силен раст на државата, не можеме да имаме раст на економијата, а со самото тоа понатаму и во другите сектори. Добро е што ќе има размена на научници. Добро е што наши научници ќе патуваат надвор, од надвор ќе доаѓаат научници кај нас. Со тоа се прави трансфер на знаење, се прави мрежа, се публикуваат научни трудови, се помага на индустријата. Тоа е многу важно да се каже дека сите овие научни достигнувања, коишто очекуваме да бидат резултат од овој проект, да помогнат на развојот на индустријата, со тоа и на економијата“, рече премиерот Мицкоски.
Здружениот истражувачки центар е референтен центар за наука и технологија на ЕУ, кој обезбедува независна научна и техничка поддршка за креирање и спроведување на политиките на Унијата. Центарот е вклучен и во процесот на нејзино проширување, преку соработка со земјите апликанти обезбедувајќи им техничка поддршка за ефикасно имплементирање на европските закони во областа на науката и технологијата. Центарот има седум институти во пет земји на ЕУ (Белгија, Германија, Италија, Холандија и Шпанија) кои покриваат широк спектар на теми, вклучувајќи: Одржлив развој и климатски промени; Иновации и технологија; Енергетика и транспорт; Здравство и безбедност на храна; Дигитална трансформација.
Македонија
Голем пожар кај Вардариште, жителите на делови од Ародром, Ново Лисиче и Гази Баба без струја

Пожар кај Вардариште остави беа струја делови од неколку скопски општини.
Жителите преку социјалните мрежи со остри реакции и повици да се стави крај на таквата состојба.
Пишуваат дека веќе два до три часа надлежните не можат да се справат со пожарот, кој како што велат веќе се проширува.
„На 35 степени зачадени ни ја исклучија струјата. Ако отвориш прозор ќе се угушиш од чад“, реагираат засегнатите граѓани.
Регионалниот центар за управување со кризи- Скопје, известува дека Противпожарната бригада, од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина, гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.
Моментално во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари.
Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од општината Аеродром е без електрична енергија, велат од ЦУК.