Македонија
Грковска: Ги дефинираме моделите што ќе овозможат позитивни промени во имплементацијата на принципите за добро владеење
Заменичката на претседателот на Владата за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со претставници и експерти од Советот на Европа, организира дводневна работилницата на која ќе се дефинираат механизмите за креирање систем со цел посуштински и целосно да се имплементираат принципите за добро владеење, кои се значаен предуслов за градење ефикасен систем за услуги кон граѓаните.
Со цел да се обезбеди поширок консензус во имплементација на приоритетите, учество на работилницата имаат и претставници на Собранието, како и претставници на Министерството за локална самоуправа, Министерството за информатичко општество и администрација, Заедницата на единиците на локална самоуправа, Државниот завод за ревизија, како и претставници од академската заедница.
Целиот процес се одвива транспарентно заедно со граѓанскиот сектор, кој се наметна како главен партнер во креирањето политики за добро владеење.
Вицепремиерката Грковска ги потенцира клучните принципи за добро владеење, како што се транспарентноста, отчетноста, ефикасноста, владеењето на правото, инклузивноста и отвореноста на институциите кон граѓаните.
Овие принципи се од исклучително значење за да се изгради систем што ќе биде сервис на граѓаните, а притоа ќе овозможи напредок и просперитет на општеството, со елиминација на корупцијата.
Преку овие принципи ќе се зголеми контролата врз трошењето на јавните средства, ќе се влијае врз начинот на кој се креираат политиките за добро владеење, но и врз одлуките што се носат од страна на институциите.
Сето ова ќе стане реалност ако се постави систем преку кој вработените во јавниот сектор ќе станат свесни дека нивна обврска е да овозможат професионална, брза и квалитетна услуга за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.