Македонија
Грковска: Дигиталната трансформација на општеството е важен приоритет на Владата
																								
												
												
											Славица Грковска, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, денеска се обрати на онлај-настан на тема „Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација – Дигитална агенда за граѓаните“, организирана од Фондацијата „Метамофорзис“.
Во своето обраќање вицепремиерката Грковска истакна дека дигиталната трансформација на општеството е важен приоритет на Владата зашто дигитализацијата на јавните услуги е предуслов за да изградиме транспарентни и одговорни институции и квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволат потребите на граѓаните.
„Со дигитализација јавните услуги стануваат поквалитетни и побрзи, значително се намалува времето потребно за завршување на административните постапки, а со тоа јавната администрација и институциите стануваат поефикасни. Во соработка со експерти од Естонија и со поддршка на САД работиме на процесот на дигитална трансформација на општеството, дефинирање на патоказот, процес во кој се вклучени сите институции. Сите институции беа задолжени во Националниот портал за услуги редовно да ги ажурираат електронските услуги што институциите им ги даваат на граѓаните. Мојата заложба е значително да се зголеми опсегот на електронски услуги, со што ќе се зголеми и ефикасноста на институциите“, потенцира Грковска.
Пред присутните на конференција Грковска нагласи дека клучен предуслов за овој процес да успее е активна вклученост и посветеност на сите институции, на сите вработени во администрацијата, зашто друга алтернатива, освен дигитална трансформација на општеството, немаме.
„Ако сакаме да го фатиме чекорот за развој и напредок, ако сакаме да обезбедиме ефикасен и функционален систем, тогаш мора сите, ама буквално сите, и носителите на функции, и вработените во администрацијата, и невладиниот сектор и граѓаните, да се престроиме на патот за дигитална трансформација и заедно да работиме во изградбата на ефикасен систем“, потенцира Грковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

