Македонија
Грковска – Дуџак: Политиките на добро владеење се основа за дигитализацијата и долгорочните реформи
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска оствари средба со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите nации (ОН) во земјава.
Дуџак на вицепремиерката Грковска ѝ го честиташе стапувањето на новата должност и ѝ посака успешен мандат истакнувајќи дека поддршката од ОН останува како континуитет во спроведување на планираните реформи.
Вицепремиерката Грковска го изрази своето задоволство од досегашната извонредна соработка со различните агенции на ОН и реализација на програмите од интерес на нашето опшстество.
Грковска ја искористи можноста да ги информира за активностите што кабинетот ги презема и за идните планови кои се во насока на стратешката определба и посветеност на Владата за креирање политики за добро владеење во државата кои треба да бидат основа за дигитализација на процесите и овозможување ефикасно и транспарентно функционирање на институциите.
Грковска и Дуџак се согласија за извонредното значење на доброто владеење, што е еден од столбовите на интерес на ОН, имајќи предвид дека најмалку десет агенции на ОН го имаат како фокус на активностите и изразија подготвеност за интензивирање на соработката во овој правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

