Македонија
Грковска – Итала: Добрата соработка важна за спречување на корупцијата во користењето европски фондови
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Брисел одржа средба со генералниот директор на OLAF – Европската канцеларија за борба против измами, Виле Итала, и членови на неговиот тим.
Грковска ги презентираше иницијативите и процесите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во насока на јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во институциите.
Имајќи ја предвид улогата на OLAF, како независно тело кое што е одговорно за борба против измама, корупција и други незаконски активности кои влијаат на финансиските интереси на ЕУ, Грковска нагласи дека ги цени средствата на даночните обврзници на Европската Унија кои се вложуваат во нашата земја и дека тие мора да се користат соодветно на намената. Во таа насока, таа посочи дека треба треба да се обрне внимание и да се избегне преклопување на проектите финансирани од ЕУ, но и од други донатори.
Домаќините од OLAF истакнаа дека имаат многу добра соработка со надлежните институции од Северна Македонија, особено со Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) во рамките на Министерство за финансии, како нивна контакт точка за соработка. Информирајќи за тековните и претстојните активности на ова поле, тие изразија подготвеност за понатамошна размена на искуства и експертиза и нагласија дека е значајно да се одржи добрата соработка со OLAF низ целиот преговарачки процес.
Грковска изрази благодарност за поддршката од меѓународните партнери во напорите за справување со корупцијата и јакнењето на антикорупциските механизми во државата, а заедно со директорот Итала се согласија околу важноста на јакнењето на принципите на добро владеење во државата, затоа што поголема транспарентност значи и помала корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

