Контакт

Македонија

Грковска: Колку поуспешно се адаптираме на технолошките промени, толку повеќе ги јакнеме условите за развој

Објавено пред

„Дигиталната трансформација мора да биде испреплетена со принципите на добро владеење. Бидејќи само така ќе биде насочена кон потребите на сите граѓани. И во поглед на ефикасно користење на јавните услуги и за безбедно и сигурно користење на дигиталните алатки и интернетот во секојдневието“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“, во организација на фондацијата „Метаморфозис“.

dobivaj vesti na viber

Грковска го елаборира концептот за дигитална трансформација на општеството, кој беше усвоен од страна на Владата пред две недели и за кој веќе е почната подготовка на патоказ за имплементација. Со спроведувањето на концептот ќе се подобри слободниот пристап до јавните информации, ќе се даде предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи, а дигиталниот потпис создаден со лична карта ќе биде еквивалентен со своерачниот потпис. Таа нагласи дека со имплементација на начелото дека податоците што се еднаш внесени во јавен регистар нема повторно да се бараат од физичките и правните лица, ќе се зголеми ефикасноста на институциите во меѓусебната комуникација, но и во однос на граѓаните. Спроведувањето на концептот значи и воведување електронска лична карта и мерки со кои ќе се поддржи поврзувањето на сите домаќинства на широкопојасни услуги за да се избегне продлабочувањето на постојните дигитални јазови во општеството и маргинализацијата на цели групи од општествените текови.

„Ова несомнено ќе ја подобри релацијата граѓани – институции и ќе елиминира низа штетни пракси, кои создаваат фрустрации во секојдневното функционирање, ги поттикнуваат коруптивното однесување и нееднаквиот третман и, секако, придонесуваат за недовербата во институциите“, нагласи Грковска.

Поради неопходноста од создавање систем што ќе биде отпорен на многуте ризици што се придружен елемент на дигитализацијата, но и заради задржување и привлекување квалитетен и квалификуван ИТ-кадар во институциите, ќе се формира и агенција за дигитализација. Агенцијата ќе управува со промените, ќе поставува стандарди за безбедна размена на податоци и ќе се грижи за сајбер-безбедноста на сите засегнати страни.

„Граѓаните и институциите во повеќе наврати веќе ја почувствуваа и опасноста од хибридните закани. Нема сомнеж дека во иднина ќе излегуваат и предизвици што не можеме ни да ги замислиме во моментот, а кои силно ќе влијаат врз социоекономските состојби и процеси. Затоа, немаме друг избор, освен да градиме силна инфраструктура и да вложуваме во професионални човечки капацитети, со кои дигиталната трансформација ќе се одвива што поефикасно и со што поголема отпорност. Бидејќи колку поуспешно се адаптираме на технолошките промени, толку повеќе ги јакнеме условите за развој и напредок на сите полиња“, заклучи вицепремиерката Грковска.

Македонија

Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;

– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;

– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер

Објавено пред

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Автокоманда денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:

dobivaj vesti na viber

· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет21 минута

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на...

Свет33 минути

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на...

Свет50 минути

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет55 минути

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија15 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија17 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ18 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија19 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија20 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија21 час

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија23 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија23 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија23 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет24 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет24 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 ден

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа1 ден

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...