Македонија
Грковска: Со британска поддршка воспоставуваме систем што ќе ја мери успешноста на институциите
„Функционални и ефикасни институции се предуслов за здраво и просперитетно општество. Тоа ќе се постигне само доколку изградиме мерлив систем, но и соодветни индикатори на успешност, преку кои ќе ги мериме резултатите од политиките што ги спроведуваат владините институции“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната промоција на проектот „Преосмислување на управувањето“, кој кабинетот на вицепремиерката Грковска и Генералниот секретаријат на Владата ќе го реализира во соработка со Центарот за управување со промени.
На денешната промоција присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, под чие покровителство се реализира овој проект.
„Развој е можен само со постојано подобрување на системот. Тоа се прави преку наоѓање поефикасни и системски ориентирани начини за решавање на проблемите што се провлекувале со години, а за кои парцијалните решенија не дале соодветни резултати. И што е уште поважно, преку градење систем, кој е способен постојано да се адаптира на внатрешните и надворешните промени. Систем што е отпорен и флексибилен“, истакна вицепремиерката Грковска, која ќе ја координира првата компонента на овој проект, што опфаќа редефинирање на националните стандарди за добро владеење и стратешка комуникација на стандардите со сите фактори и со јавноста.
Другата компонента на проектот ќе биде во надлежност на владиниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, а се однесува на редизајнирање на системот на централна координација за да се обезбедат подобри резултати од политиките, но и зајакнати капацитети на администрацијата.
„Преку проектот ‘Преосмислување на управувањето’ очекуваме да придонесеме кон воспоставувањето јасна одговорност кај институциите и цврсти механизми за развој на политики засновани на докази. Важно е да дефинираме клучни индикатори за успешност, но и да ги подобриме процесите за внатрешна комуникација, како и воведување ефективен систем на делегирање на одговорностите. Успешното реализирање на проектот ќе придонесе за остварување на визијата на Генералниот секретаријат на Владата да се трансформира во современ, дигитализиран и транспарентен центар на Владата“, нагласи генералниот секретар на Владата, Методија Димовски.
Амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, ја реафирмира поддршката што британската влада ѝ ја дава на нашата држава, особено во делот на унапредување на транспарентноста и ефикасноста на јавната администрација за што ќе се вклучат и британски експерти, кои ќе ги пренесат најдобрите практики од работата во британската администрација.
Извршната директорка на Центарот за управување со промените, Неда Малеска-Сачмароска, нагласи дека денес во услови на економски кризи прашањето е како да направиме подобро со помалку (more for less) и да изградиме систем што ќе се фокусира на резултати.
„Затоа фокусот на проектот е насочен кон управување со перформанси и ориентација кон резултати, но и градење капацитет за имплементација, подобра меѓусебна усогласеност и координација во делот на јавните политики“, додаде Малеска-Сачмароска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ
По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС и ДУИ, Артан Груби, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеење на СДС и ДУИ.
Осомничен е, како што велат, за проневера во службата за случајот со државна лотарија.
„Штетата на државата од неговите постапки е над 8 милиони евра со индиции сумата да биде и значително повисока.
Во јавноста беа изнесени сомнежи дека заедно со тогашниот директор на Државна лотарија, Бајрами, биле спроведувани спорни тендерски постапки и исплаќани аванси кон деловни партнери.
СДС знаеле за криминалот на Груби и молчеле и не реагирале.
СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР.
Јавноста очекува институционална разрешница“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара согласно правниот поредок.

