Македонија
Грковска – Улман: Соработката меѓу Македонија и Швајцарија дава резултати
Заменик-претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, со која разговараа за можностите за заедничка соработка во делот на антикорупциските политики, дигитализацијата, како и доброто управување.
Грковска ѝ се заблагодари на амбасадорката на Швајцарија за безрезервната поддршка и долгогодишната соработка што двете земји ја имаат на полето на унапредувањето на демократијата, транспарентноста, како и антикорупциските политики.
Таа истакна дека за Република Северна Македонија од исклучително значење е проектите што се реализираат од странските донатори да бидат одржливи и по завршувањето на проектот и да предизвикаат системски промени.
Амбасадорката Улман оцени дека многу е важно во процесот на планирање на следните активности на вистински начин да се детерминираат приоритетите, со цел да се обезбеди ефикасност на процесот, како и видливи резултати.
Улман истакна дека се фокусирани на животната средина, климатските промени, водата, демократското владеење и парламентот, како и поддржа на приватниот и граѓанскиот сектор.
Двете соговорнички заклучија дека имаат широко поле за соработка и нагласија дека од исклучително значење да се работи на соработката со граѓанскиот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

