Македонија
Грковска – Ханџиска-Трендафилова: Јавната администрацијата ќе биде носител на клучните реформи на патот кон ЕУ
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со директорката на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА), Маја Ханџиска-Трендафилова, со која разговараше за можностите за унапредување на соработката во насока на зајакнување на капацитетите на јавната администрација во Република Северна Македонија.
РеСПА е регионална школа за јавна администрација, раководена од пет земји членки од регионот, односно од Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Србија.
Вицепремиерката Грковска оцени дека зајакнувањето на капацитетите на администрацијата е еден од најважните приоритети на Северна Македонија, особено ако се има предвид почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија.
Администрацијата треба да биде клучниот столб, кој на себе ќе го понесе овој процес, но и неопходните реформи што мора да се спроведат и затоа мора да се работи на зајакнување на капацитетите и унапредување на ефикасноста.
Директорката Ханџиска-Трендафилова оцени дека РеСПА може да даде сериозна поддршка во процесот на унапредување на состојбите во администрацијата како преку компаративни искуства и успешни примери, кои веќе во други земји дале резултати, така и преку конкретни проекти во делот на дигитализацијата на услугите, менаџментот на квалитетот, доброто владеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

