Македонија
Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес се сретна со новата амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, на која ѝ посака успешно враќање во нашата земја во новата дипломатска мисија.
Груби и Агелер на оваа средба разговараа за потребата од уставните измени, интеграцијата на земјата во Европската Унија, реформите во земјата, политичката ситуација и процесот на ветинг.
Уставните измени се оценети од посебно значење поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат. На средбата беше проценето дека земјата нема време за губење.
Понатамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а САД како сојузник на Северна Македонија продолжуваат да ја даваат поддршката за завршување на интегративниот процес.
Секој успех на нашата земја е постигнат во соработка со Соединетите Американски Држави.
Функционирањето на владината коалиција беше оценето како квалитативно, а Груби истакна дека европскиот пат бара еден заеднички фронт на сите прогресивни сили, а САД остануваат силно посветени на поддршката на Република Северна Македонија на патот кон реформите за да се овозможи функционална и стабилна демократија.
На средбата се разговараше и за предлогот за ветинг (проверка), кој треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите како форма на борба против корупцијата и акција што гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.
Груби изрази благодарност за американската помош и поддршка за еднаквост, демократија и интеграција на нашата земја во последните три децении.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Возете внимателно, можни се одрони, предупредува АМСМ
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива без поголеми пречки. На граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат надлежните служби.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Како критични делници се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат дополнително претпазливи поради конфигурацијата на теренот и можните нестабилности.
АМСМ потсетува дека внимателното возење и навременото прилагодување на условите на патот се клучни за безбедно патување, особено во зимски услови и при променливо време. Се препорачува редовно информирање за состојбата на патиштата пред поаѓање на пат.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

