Македонија
Груби: „Алијансата за Албанците“ сака да влезе во институциите на мала врата
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, вели дека интерпелацијата и враќањето на опозицијата во Собранието ќе биде придобивка за приближување кон НАТО и ЕУ. Според Груби, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се залагале за оваа определба.
„Овие министри не се на СДСМ и ДУИ, туку на Владата и граѓаните. Гледам дека колегата од албанската опозиција ја поддржува интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е во ред, ја гледаме романсата меѓу Илија Димовски и пратениците на ‘Алијансата за Албанците’. Тој што никогаш не ја добил довербата на Албанците не знае како достојно да ги претставува во институциите. ‘Алијансата за Албанците’ сака да влезe во институциите на мала врата“, вели Груби.
Тој тврди дека „Алијансата за Албанците“ не знае како треба да бидат претставувани Албанците во институциите. Тој ја повика ВМРО-ДПМНЕ да разговара со претседателот Ѓорге Иванов за да се потпише законот за јазиците.
„Тоа што претставник на мала албанска партија ги нарекува неписмени 90 проценти од Албанците и 60 проценти од Македонците не е дозволиво. Не е дозволен ваков однос од претставник на мала опозициска албанска партија. Тој треба да побара збор и да се извини“, вели Груби коментирајќи ја изјавата на Зијадин Села.
Артан Груби смета дека Владата ќе биде наградена од граѓаните за спроведените реформи. Тој на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им кажа дека на 17 април Македонија ќе ја добие првата препорака за во Европската Унија, а после тоа, тој посакува преговори за влез во Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

