Македонија
Груби во Вашингтон се сретна со Американскиот Сенатор Џонсон
Во текот на посетата во Вашингтон, Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за соработка со САД, воедно и Организациски секретар на Демократската Унија за Интеграција, Артан Груби се сретна и со Американскиот Сенатор Рон Џонсон од Комисијата за Надворешна политика на Американскиот Сенат, претседавач на Поткомисијата за Европа и регионалната соработка за сигурност.
Груби и Џонсон разменија мислења за процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот, реформите во правото како и дијалогот Косово-Србија.
Сенаторот Џонсон зборуваше за процедурата на донесување на ратификацијата на Пртотоколот за членство во НАТО и изрази целосна поддршка за пречек на нашата земја како 30-та членка на Североатланската алијанса.
Груби ја спомна посетата на Сенаторот Џонсон минатата година во Скопје во поддршка на затварање на прашањето за името како продолжение на големата Американска поддршка кон нашата земја.
Груби го запозна Сенаторот Џонсон за напорите на ДУИ во насока на изградење на демократските капацитети преку владеење на правото, интегритетот на носителите на државни функции, транспарентноста и ветингот.
Сенаторот Џонсон, исто како и Американскиот Стејд Департмент еден ден претходно, го запозна Груби со интензвните американски напори за помош при добивање на датумот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.
Груби и Џонсон особено дискутираа и за дијалогот Косово-Србија, согласувајќи се дека примерот со Преспанскиот договор треба да се следи и од авторитетите во Приштина и Белград.
Во Американскиот Конгрес, Груби истотака учествуваше како гостин на неделните молитви каде се сретна со преку 10-тина Американски Конгресмени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

