Македонија
Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт департментот

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на групата за пријателство со САД, Артан Груби, ќе престојува во Соединетите Американски Држави од денеска до 9 декември, каде што ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт департментот.
На средбите ќе стане збор за евро-атлантските интеграции на земјата, можностите за унапредување на билатералните односи со САД, како и за актуелните реформи што Владата ги прави во областа на владењето на правото.
Груби ќе присуствува и на 12. парламентарен безбедносен форум за разузнавање во Сенатот, на кој ќе се расправа за сите видови борба против тероризмот. Ова е втора посета на Груби во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: Бесплатно летување за најуспешните спортисти

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски извести дека и оваа година продолжуваат со успешната пракса на наградување на младите спортски таленти со бесплатно летување, како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот.
„Победниците во Лигата на училишен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција, ќе имаат можност да летуваат во Извидничкиот Центар во Охрид.
Се работи за прваците за учебна 2024/2025 во:
ракомет – жени ООУ ,,Кузман Шапкарев”;
ракомет – мажи ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”;
кошарка ООУ ,,Кузман Ј. Питу”;
одбојка ООУ ,,Партенија Зографски”
фудбал ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”
Спортот ги подобрува физичкото и менталното здравје на децата, но создава и другарства, дисциплина и тимски дух. Со обезбедување бесплатно летување не само што ги наградуваме нивниот труд и посветеност, туку и дополнително ја поттикнуваме спортската култура во училиштата.
Ова е дел од нашата стратегија за поддршка на младите и како општина ќе продолжиме со мерки што ќе овозможат уште поголема афирмација на спортот и негов развој во нашите училишта“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Повикот за доделување на Награда за младинско учество е отворен

Министерство за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество.
Наградата се доделува во три категории:
- индивидуална категорија (млади на возраст 15-29);
- категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и
- категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.
Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Истата ќе биде доделена за активности и иницијативи што номинираните лица ги реализирале во периодот јуни 2023 – мај 2025.
Висината на Наградата за младинско учество по категории е следната: 1.000 евра за индивидуална категорија; 3.000 евра за неформални групи на млади и 3.000 евра за младински организации.
Рокот за поднесување на номинации е од 16 до 30 јуни, 2025 година.
За условите и критериумите за Наградата за младинско учество повеќе детали на следниот линк: https://shorturl.at/elsC4
Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следниот линк:
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟧𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар минатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.06. до 15.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 154 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.