Македонија
Груби: Во срцето на Европа ја проектираме европската иднина на Македонија
Потпретседателот на Владата, Артан Груби, од Брисел им честиташе на граѓаните за реализацијата на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија, момент од кој земјата, како што вели, ја започнува активната фаза на преговорите за интеграција.
Груби истакна дека ова достигнување е резултат на определбата на граѓаните, на искрената работа за да се надмине секој предизвик, за да се има хоризонт без никакви пречки кон интегративниот процес.
„Дојде денот кога сите напори за одржување на прозападната ориентација на земјата се крунисаа со успех, кога целиот наш конструктивен пристап да имаме хоризонт без никакви пречки кон крајната цел на интеграцијата стана реалност. Се наоѓаме во Брисел на првата меѓувладина конференција и од денес заедно со граѓаните на земјата почнуваме да го пишуваме новото поглавје на напредокот и развојот, тоа на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија“, истакнува Груби.
„Колку само предизвици имавме пред нас, се чинеше невозможно да се постигне целта, колку идеологии на дезориентација и страв од регресивните сили сакаа да нè спречат да ја постигнеме оваа цел, но со решителност, со работа, со голема поддршка од цела Европа успеавме да седнеме на работната маса во срцето на Европа денес за да ја проектираме европската иднина. Ни претстои многу работа, голема одговорност да ги спроведеме следните процеси, но со зрелост и рационалност, како и досега, ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Со срце и ум заедно кон Европа!“, порачува Груби од Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

