Македонија
Груби го пречека на состанок словенечкиот специјален претставник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш
Потпретседателот на Владата за координација на политичките прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, го пречека на состанок специјалниот претставник на Република Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.
Како што се наведува во соопштението, на средбата се разговарало за актуелните прашања во земјата и регионот, соработката меѓу двете земји, евроинтеграциите, како и претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.

Груби и Франгеш ги поздравија одличните билатерални односи и изразија очекување дека воспоставената активна динамика на соработка ќе продолжи уште повеќе во сите сфери.
Заблагодарувајќи му се на специјалниот претставник Франгеш за поддршката што Словенија ја дава на нашиот евро-атлантски пат, Груби ја истакна определбата дека Република Северна Македонија ќе продолжи да биде земја посветена на безбедноста преку единство, како и добри односи со соседните земји, европските земји и САД како пријателски земји.

Двајцата соговорници разговараа и за претседателските и парламентарните избори и за идната ориентација на земјата, вклучително и за важноста на уставните измени како клучен услов за земјата да напредува во преговорите за членство во Европската Унија, за подобра иднина за целиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

