Македонија
Груби, Димитров и Царовска станаа дел од Советот за рамномерен регионален развој, усвоена е и годишната програма
Конституиран е новиот состав на Советот за Рамномерен регионален развој и усвоена е програмата за 2021 година во вредност од 440 милини денари. Овие одлуки се донесени на синоќешната седницата на Советот, со која претседаваше вицепремирот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Со измените на Законот, предидено е нови членови на Советот да бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерката за образование и наука Мила Царовска. Членови на советот се и министерот за локална самоуправа, Горан Милески, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, министерката за култура Ирена Стефоска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, директорот на Бирото за рефионален развој, Рамиз Реџепи, како и осумте градоначалници, претседатели на осумте плански региони во Северна Македонија.
Освен конститурањето на новиот состав на Совотот за РРР, на седницата, новиот состав ја усвои и Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, која е во вредност од 440 милиони денари, а се задолжи и Бирото за регионален развој да подготви среднорочна, тригодишна програма за РРР.
На оваа седница, Советот го задолжи Бирото за регионален развој да распише јавен повик за за поддршка на регионите и општините преку проекти за развој на специфични подрачја, села и урбани средини во вредност од околу 3 милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

