Македонија
Груби: Еманципацијата на жената почнува со еманципација на нејзиниот сопруг

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, по повод Денот на жената, оствари средба со претставничките на сите заедници кои живеат во Република Северна Македонија.
Груби се осврна на прашања поврзани од светот на жените, на нивните достигнувања, социјалните и политички прашања поврзани со еднаквите можности, но и на чекорите што треба да се преземат за да се надминат празнините што се уште постојат, информираат од неговиот кабинет.
„Гзиме Старова, Изета Бабачиќ, Аспазија Софијанова, Дрита Карахасан, Васка Мустафа-Бајрамоска, Анета Пешева и Братислава Танасковиќ се успешни жени со својата професионалност во заедниците на кои припаѓаат, но сите заедно за целото наше општество“, нагласил првиот вицепремиер.
Груби за време на средбата, меѓу другото, им кажал на присутните дека еманципацијата на жената започнува со еманципацијата на нејзиниот сопруг и дека не само денес, на 8 март, туку систематски и секој ден треба да се почитува напорот на жените.
На средбата сите заедно се согласиле дека е од особено значење да се запаметат делата на успешните жени со цел да се зајакне влијанието на жените во нашето општество, а токму тоа е важноста на одбележувањето на 8 Март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.