Македонија
Груби: Задоволен сум што никој не беше против или воздржан при донесувањето на законот
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието – матичното работно тело што го разгледуваше законот за употреба на јазиците, Артан Груби, го поздрави неговото вчерашно донесување.
Во соопштението претседателот на Комисијата, Груби, изразува особено задоволство што законот за употреба на јазиците се донесе со 64 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ и ниту еден глас „воздржан“.
Во целокупната постапка при донесување на законот, на комисиската расправа, како и во прво, второ и во трето читање на законот на седница на Собранието, тој беше гласан и потврдуван без ниту еден глас „против“, се наведува во соопштението.
Претседателот на Комисијата за европски прашања додава дека со донесувањето на законот за употреба на јазиците се заокружил нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор, со што Македонија ќе стане посилна, постабилна, посигурна и покохезивна држава, која силно чекори кон ЕУ и НАТО.
Груби исто така потенцира дека она што до вчера било слабост, меѓуетничките односи, денес е најголем адут за Република Македонија.
„Сега е време да се посветиме целосно на преостанатите реформски закони, како и на решавање на спорот со нашиот јужен сосед за да ја интегрираме нашата држава целосно во НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

