Македонија
Чистење на каналската мрежа во општина Илинден
Во рамките на проектот на Општина Илинден – „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“, континуирано се врши машинско и рачно чистење на отворените одводни канали што се наоѓаат на територија на општината во должина од 120 километри, а се дел од хидромелиоративниот систем „Скопско Поле“.
Во Кадино извршено е машинско чистење на секундарниот канал „Азмак“ во должина од 1.600 метри. Истовремено, со цел зафаќање на атмосферските води крај главната сообраќајница што води низ ова населено место (ул. 2, ул. 11, локален пат Кадино-Мралино и локален пат Кадино-клучка автопат А-4) комплетно е исчистена терцијална каналска мрежа во должина 2.000 метри, при што во зависност од потребите се формирани и нови канали за одведување на атмосферските води, а се поставени и соодветни цевчести пропусти. Со ова, покрај обезбедувањето проточност на каналите, се заштитува инфраструктурата и се подобрува и безбедноста на сообраќајот во овој дел од општината, со што се овозможува побрза и побезбедна комуникација.
Поради рамничарскиот терен на кој се наоѓа oпштина Илинден, подложен на покачување на нивото на подземните води, локалната самоуправа интензивно и континуирано работи на одржување на главните, секундарните и на терцијарните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води. Обезбедувањето на проточност на каналската мрежа е процес на континуирано и долгорочно системско работење, уредување, нивелирање, чистење и одржување на каналите, со што се спречува настанувањето поплави и се обезбедува подобра животна средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението.
Благодарение на редовното континуиирано одржување, каналската мрежа во општина Илинден нормално функционира прифаќајки ги водите по обилните дождови во изминатите денови, кои создадоа проблеми во повеќе делови од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.