Македонија
Груби и Абазовиќ најавија зголемување на економската соработка со Црна Гора
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска го прими на средба во Скопје вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Двајцата вицепремиери изразија заедничка благодарност за состанокот, додека Груби изрази благодарност за придонесот на Подгорица за време на членството на нашата земја во НАТО и напорите што ги правиме на патот кон членството во Европската Унија.
Груби и Абазовиќ оценија дека двете земји немаат отворени спорови, економската соработка треба да се зголеми на повисоко ниво бидејќи сите земји во светот и нашите земји се соочуваат со економски и здравствени предизвици во овие услови на пандемијата.
„Ја гледам евро-атлантската идентификација на Црна Гора и симболот за регионална соработка на нашите земји во фигурата на Дритан како вицепремиер бидејќи тој е клучен елемент во тамошната влада, тоа е гаранција за евро-атлантска ориентација не само за Црна Гора, туку и за целиот регион, и тоа е гаранција за регионална соработка меѓу нашите две земји, ние исто така разговаравме за економска соработка и одржување заеднички состанок меѓу нашите две влади и исто така разговаравме за создавање Форум на вицепремиери на земјите од Западен Балкан што сакаме да го спроведеме по сите изборни процеси. Му се заблагодарам за целата поддршка, посета и подготвеност за нашата заедничка соработка“, рече првиот вицепремиер Груби на прес-конференцијата по состанокот.
Од друга страна, голема благодарност за гостопримството изрази и вицепремиерот на Црна Гора, Абазовиќ, кој рече дека двете земји ќе продолжат со соработката во повеќе области, вклучително економската и здравствената состојба, притоа поканувајќи го првиот вицепремиер Груби на официјална посета во Подгорица.
„Му се заблагодарувам на вицепремиерот Груби за гостопримството, мислам дека нашата соработка не само што беше добра преписка, туку и братска и во овој момент можам да кажам дека сум многу среќен што разговаравме и споделивме идеи. Нашиот договор беше како да го развиваме регионот во иднина, црногорската влада е задоволна од соработката со владата во Скопје и мислам дека идејата што Груби ја претстави, заменик-премиерите да направат заеднички форум, може да се реализира. Мислам дека треба да покажеме солидарност и да создадеме можности за сите балкански земји да бидат поуспешни на патот кон ЕУ, верувам дека некои либерални политики можаат да бидат присутни во иднина. Уште еднаш му се заблагодарам на вицепремиерот и го поканувам да ја посети Црна Гора во терминот што ќе му одговара и убеден сум дека двете земји можат да бидат добар пример за земјите од регионот кои имаат повеќе проблеми. Подготвени сме за соработка и се чувствувам многу добро во Скопје, во канцелариите на првиот вицепремиер и посакувам во Подгорица да видам делегација предводена од г. Груби. Ние ќе продолжиме да работиме затоа што граѓаните немаат време за чекање“, рече Абазовиќ на прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хоџа-Касами: силен инвестициски фокус на животната средина во Тетово
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа работен состанок со градоначалникот на Тетово, Билал Касами.
Во фокусот на разговорите беа инвестициите кои Министерството ги реализира во Тетово, вклучувајќи ја реконструкцијата на главниот водовод од Попова Шапка до градот, проширувањето на примарната мрежа во населбата „Вонвардарска“ и изградбата на колектори за атмосферска канализација во Фалише и Дарданија, проекти кои се во различни фази на реализација.
На средвата беа разгледани проектите финансирани од Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој, вклучувајќи ја втората фаза на реконструкција на водоводот и изградбата на Станицата за трансфер на отпад во Тетово, како и тековните IPA проекти.
Соговорниците се обврзаа на тесна институционална соработка за ефикасна реализација на проектите и одржливо подобрување на условите за живот на граѓаните на Тетово.
Македонија
Интересот за докуп на стаж не се намалил и во 2025 година: управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја усвои завршната сметка
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа триесет и втората седница.
Директорот на Фондот, Никола Мемов ги информира членовите на Одборот за активностите што се остварени по претходната седница. Тој рече дека предвидените активности на Фондот се одвиваат согласно плановите и при тоа нагласи дека процесот на дигитализацијата на архивата се одвива непречено согласно СИАП проектот и се очекува да заврши до 30 јуни оваа година.
Мемов, исто така, информира дека состојбата со решавањето на предметите е подобрена, а особено во Комисиите за процена на способноста, и нивниот број е намален.
Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година. Директорката на Секторот за финансии, Фатиме Неџипи рече дека од податоците изнесени во Завршната сметка произлегува дека Фондот навремено и во целост ги извршувал сите обврски во текот на 2025 година. Таа додаде дека приходите и расходите се избалансирани и се во согласност со предвидените параметри.
Членот на Одборот, Станка Трајкова рече дека од Завршната сметка се гледа дека финансиското работење на Фондот е позитивно, што е задоволувачки резултат.
Управниот одбор на седницата ги разгледа и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината на издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија за период 01.01 – 31.12.2025 година и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за дневен престој на корисниците на пензија за истиот период.
Директорот на Секторот за човечки ресурси, правни и општи работи, Влатко Ѓуроски рече дека наплатата на закупнините кај станбениот простор се одвива непречено, поради тоа што истата се одвива со задршка од пензијата на корисниците. Кај издавањето на деловниот простор, додаде тој, во два случаи се прекршени одредбите од Договорот за закуп и истите се раскинати. Ѓуровски рече дека овие простори ќе бидат дадени на лицитација за изнајмување откако ќе биде извршена проценка на вредноста за давање под закуп по метар квадратен.
Управниот одбор ги разгледа и Информацијата за остварените права од двостолбниот пензиски систем и Информацијата за утврдување на стажот на осигурување – „докуп на стаж“ во 2025 година. Директорката на Секторот за остварување на права од ПИО, Билјана Стојанова информира дека во вториот столб има 410.602 активни осигуреници. Според евиденцијата на Фондот досега 130 осигуреници оствариле право на старосна пензија со исплата од двостолбниот пензиски систем. Од нив 57 корисници кои ги потрошиле средствата од индивидуалната сметка примаат минимална пензија од Фондот.
Во однос на докупот на стаж, Стојанова рече дека интересот не се намалува и во 2025 година се поднесени 840 барања. За 791 барање е донесено позитивно решение, за 21 негативно, а 11 предмети се во тек на решавање. Стојанова рече дека по овој основ до 31.12 2025 од Фондот се наплатени 4 милијарди 222 милиони 217 илјади и 2 денари.
Македонија
Утре сончево со мала локална облачност, во наредните денови температурите во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

