Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски под превезот европско знаме на законите протнуваат криминал и го крадат народот
Артан Груби и Димитар Ковачевски кои не ја вадат од од уста Европската унија, секој ден ги злоупотребуваат вредностите на истата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Сега измените на пет закони поврзани со сомнителната, поточно криминална реализација на Коридорот 8 и Коридорот 10д ќе ги носеле со популарното европско знаменце или читај без дебата во Собранието. Станува збор за низа закони спротивни токму на европските вредности, како и на важечкото право во Македонија, велат од партијата.
Не може да биде европска вредност 60 часовна работна недела, која е спротивна на Уставот и спротивна на европските начела. Не може да биде европска вредност експресно доделување на дозвола за експлоатација на минерални суровини без детално предвидена постапка која опфаќа заштита на животна средина, археолошките локалитети, природни богатства и слично. Не може да биде европскa вредност да не ги прифаќаш и почитуваш своите, националните закони, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Груби и Ковачевски со ова ги злоупотребуваат европските вредности, ја злоупотребуваат ЕУ се со цел полнење на нивните џебови и крадење на народот. Груби и Ковачевски практикуваат само насилие и криминал. Ова што го прават е сосема спротивно на европските вредности, на начелата на ЕУ. Токму и претставниците на ЕУ во земјава денеска јасно им ги кажаа тоа. Груби и Ковачевски го злоупотребуваат механизмот на гласање закони со европско знаменце за да крадат во име на ЕУ. Со ова тие и нанесуваат само штета на Македонија. Груби и Ковачевски секој ден ги признаваат своите грешки како што вчера Груби призна дека е потпишан договор со кој е предвидено исплата на пенали од над 150 милиони евра, но не кажува дека обврска за исплата на истите е веќе настаната. Груби и Ковачевски ќе одговараат за криминалот, штетите што и ги прават на Македонија и нејзините граѓани, – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без струја неколку скопски населби
Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година, од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“.
„Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје: населба Север, Топанско Поле, дел од Чаир, дел од Шуто Оризари, населба Бутел, цело Визбегово и индустриските објекти во индустриска зона „Визбегово“.
Македонија
„На кого веќе не му е јасно? Домашниот притвор за Груби –дил за политички цели“, велат од СДСМ
„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ. Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ.
„Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри.
Сопруга на екс градоначалник на ВМРО ја назначија за член на Судскиот совет. Советник на Мицкоски беше избран во Уставниот суд. Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди за случаи во тек.
Шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. На кого веќе не му е јасно?
Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана, правда нема, има контролирано обвинителство и судство кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Правна држава нема – има дил за политички цели и кампања на власта!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“
Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“.
Според нив, Ккќниот притвор не е олеснување. Тоа е, како што велат, знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.
„Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника.
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен. Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите.
Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција“.
Ова, додаваат од коалицијата, не е крај. Според нив, ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети.

