Македонија
Груби: Коридорот 8, чекор кон заедништво и нула отворени прашања со соседите
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, денес придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, бугарскиот премиер Галеб Донев, министри, заменици на министрите и високи функционери поставија камен-темелник за продолжување на работите на пругата како дел од проектот Коридорот 8.
“Коридорот 8, патниот и железничкиот сообраќај се најголемите инфраструктурни инвестиции од постоењето на нашата држава, тие се важна економска артерија, стратешки цели од кои нема враќање назад, тие се идната перспектива за развој на државата и конкретизирање на стратегијата за подобар квалитет на животот”, истакна Груби.
Тој додаде дека оваа Влада е Влада на реализација на големите ветувања и на подобрување на неправдите и големите задоцнувања. Влада и прогресивно мнозинство кои ги затвораат отворените прашања. Влада која има нула отворени прашања со соседите. Влада која има нула отворени прашања меѓу заедниците. Влада про-НАТО и про-ЕУ. Влада која го поврзува крајбрежјето на Црното море со Јадранското Море со железници, автопати и енергетика.
“Коридорот 8, патниот и железничкиот сообраќај се најголемите инфраструктурни инвестиции од постоењето на нашата држава, тие се важна економска артерија, стратешки цели од кои нема враќање назад, тие се идната перспектива за развој на државата и конкретизирање на стратегијата за подобар квалитет на животот. Многу брзо ќе направиме уште еден голем чекор заедно со почетокот на изградбата на автопатот, Коридор 8”, изјави Груби.
Тој додаде дека годината што е пред нас ќе биде исполнета со инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на луѓето и ќе придонесат за развој на економијата на нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

