Македонија
Груби – Кундурос: Грција силно го поддржува отворањето на преговорите за Северна Македонија со ЕУ
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Скопје, Русос Кундурос.
Амбасадорот Кундурос и првиот вицепремиер Груби се согласија дека веќе се создадени одлични услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји како во областа на енергетиката и економијата така и во сите други области кои се важни и за доброто на граѓаните на нашите две земји.
Амбасадорот Кундурос на првиот вицепремиер Груби му ја пренесе и силната поддршка од грчката држава во однос на надминувањето на спорот со Република Бугарија и за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.
Груби и Кундурос за време на оваа средба исто така оценија дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителен придонес за регионалната стабилност и дополнителна можност за имплементација на европските стандарди, а со оваа и развојот на целиот регион.
Првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Кундурос заеднички констатираа дека решавањето на спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Грција со потпишувањето на преспанскиот договор отвори големи можности за развојот на односите меѓу двете земји.
На оваа средба Груби и Кондурос разговараа и за регионалните актуелности, особено за отворените спорови во Западен Балкан.
Груби и Кундурос на крајот на оваа средба заедно заклучија дека Република Северна Македонија и Република Грција преку билатералното пријателство веќе промовираат стабилност на целиот Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

