Македонија
Груби – Тимоние: Од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата
Северна Македонија напредува во многу области и успеа да се придвижи напред на меѓународно ниво во однос на процесот на интеграцијата на земјата во Европската Унија. Процесот на реформите ќе продолжи без престан, со цел да се испрати позитивен сигнал до нашите европски партнери.
Ова го изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби, на денешната средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние.
Првиот вицепремиер Груби изрази благодарност за поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Република Франција во нејзините напори за остварување на стратешките приоритети на земјата и истовремено за одличната билатерална соработка.
Груби му кажа на францускиот амбасадор дека Владата ќе продолжи да работи со највисоката динамика бидејќи е посветена на напредокот на земјата којшто треба да продолжи во сите можни области. Тој исто така му порача на амбасадорот Тимоние дека Владата на Република Северна Македонија е определена за функционални институции, кои активно и транспарентно ќе работат на спроведувањето на реформите што се во интерес на сите граѓани и на процесот на интеграција на земјата во Европска Унија.
За време на состанокот помеѓу првиот вицепремиер Груби и амбасадорот на Франција, Тимоние, беше заклучено дека од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Груби му го потврди својот став на амбасадорот Тимоние дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигне преку целосна транспарентност и ветингот што ќе се спроведе против носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.
Груби и Тимоние исто така ја отворија и темата на пописот, процес што го оценија како чувствителен и во оваа пригода се согласија дека мора да бидат исполнети сите услови за да биде што е можно поверодостоен.
На крајот на оваа средба Груби и Тимоние разменија мислења за можностите за продлабочување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје
105 години Филозофски факултет значат повеќе од еден век умствен и духовен раст, традиција, научна извонредност и општествено созревање. Тоа е наследство што мора да го чуваме и да го негуваме. Верувам дека оваа институција и понатаму ќе биде водилка на општествената и на хуманистичката мисла, бранител на критичноста и чувар на академската слобода, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на свечената академија со која високообразовната установа го одбележа големиот јубилеј.
„Факултетот не придонесува во развојот на државата само преку образованието и науката, туку и преку својата силна стратешка улога во креирањето на националните политики. Тука се раѓале концепти и научни согледувања што го обликувале образовниот систем, културните политики, социјалните институции и многу од современите професионални практики во државата. И во овој период, Филозофскиот факултет е активно вклучен во изработката на клучни национални стратегии“, рече Јаневска изразувајќи благодарност до сите поранешни и активни професори, истражувачи и вработени на факултетот за нивната посветеност, научен придонес и визија за општеството.

Министерката потенцираше дека иако по однос на неколку теми за време на нејзиниот мандат, ставовите на МОН и факултетот се разликувале, токму таквите јавни дискусии доведуваат до креирање на најдобрите решенија за обезбедување на поквалитетно национално образование. Очекува, како што рече, Филозофскиот факултет да остане меѓу најсилните партнери на државата кои отвораат пат кон нови образовни подвизи.
Јаневска изрази уверување дека буџетот за образование ќе продолжи да се зголемува, а со тоа ќе се зголемува и поддршката за развој на високото образование и науката.
„Држава која вложува во високото образование вложува во сопствената иднина – ја јакне својата конкурентност, го унапредува демократскиот капацитет и го поттикнува општествениот развој. Продолжуваме да креираме политики што обезбедуваат автономија, дигитализирани процеси, подобра научна инфраструктура и поддршка за младите истражувачи“, рече министерката.

Освен Јаневска, на свечената академија се обратија и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески кои се согласија дека академскиот простор мора да остане место каде знаењето се претвора во визија, а визијата во општествена вредност.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла

