Македонија
Груби – Томан: Преговорите со ЕУ да почнат на почетокот на 2022 година
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, се сретна со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан.
Груби потенцира дека поддршката од Чешка и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Северна Македонија.
Тој ја побара директната поддршка од Чешка во декември за утврдување на датумот за одржување на првата меѓувладина конференција со Европската Унија, која ќе го одбележи почетокот на преговорите во првите месеци на 2022 година.
Груби нагласи дека нашата земја треба да ги искористи искуствата на земјите членки на ЕУ за спроведување на реформите за членство во ЕУ и за креирање подобри услови за живеење на граѓаните.
На средбата, според соопштението од кабинетот на Груби, се дискутирало дека Западен Балкан е еден од најголемите приоритети на кои се фокусира Чешката Република во поглед на европските перспективи и дека ќе продолжи да дејствува во тој правец.
Груби и Томан се согласиле дека потенцијалот за продолжување на соработката меѓу двете земји е голем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

