Македонија
Груби: Целата Влада ја поддржува Теута Арифи, таа е челична дама
Јас и сите мои колеги министри и други функционери од сите ешалони стоиме зад Теута Арифи и општина Тетово кон реализација на сите проекти предвидени во нејзината програма, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
„Таа е челична дама која го предводи Тетово во промената што се случува во неговата историја во овие изминати 8 години. Јас не сакам да застанеме тука туку да продолжиме понатаму, а за таа цел Теута има апсолутна поддршка од сите од нас“, рече Груби најавувајќи дека Тетово ќе стане градежно поле од сите страни во однос на реализација на проектите.
„Дама како Теута застанува на чело во битката на тетовци со ковид отворајќи нови центри за вакцинација, обезбедувајќи вакцини, борејќи се за учениците во училиштата и тоа е токму она што му треба на Тетово. Тетово има потреба од Теута Арифи затоа што таа му доликува на Тетово“, нагласи Груби при посетата на Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

