Македонија
Груби – Ќучук: Воспоставуваме меѓуинституционална соработка во образованието и културата
Првиот вицеприемиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од пратеникот во Европскиот парламент Илхан Кјучук и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу го посети денеска О.У. „Исмаил Ќемали“.
Целта на оваа посета е продлабочување на соработката меѓу две училишта „Исмаил Ќемали“ во Чаир и „Емилијан Станев“ во Велико Трново.
„ Сега оваа соработка станува реалност во соработка со Европскиот парламент и г. Ќучук заедно со г. Ганиу кој е тука да ја официјализира оваа соработка меѓу двете училишта под официјална поддршка на Европскиот парламент“ рече Груби.
Европратеникот Ќучук истакна дека заедно прават проекти во областа на образованието и културата.
„ Целта е преку училиштата да направиме еден конкретен проект, помеѓу училиштата во Велико Трново и во Чаир. Проектот ќе се заснова на тоа учениците да видат како се одвива учењето во Бугарија и Северна Македонија врз основа на европската перспектива. Значи, јас сум тука со градоначалници и пратеници и идејата е да направиме што повеќе активности во областа на образованието и културата со решавање на најтешките проблеми бидејќи сум голем оптимист дека двата народа треба подобро да се познаваат“ истакна европратеникот Ќучук.
Градоначалникот на Чаир Ганиу потенцијараше дека сака ова да биде добар чекор општините во иднина да воспостават уште поплодна соработка.
„ Оваа иницијатива што ја започнавме пред неколку недели, денеска ги правиме првите чекори и ја официјализираме. Драго ми е што европратеникот го познава регионот и со ова училиште ќе воспоставиме подобра соработка во иднина. Сакам тоа да биде добар чекор и во иднина нашите општини да воспостават поплодна соработка со тамошните општини“, нагласи градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
На оваа средба присуствуваа и директорите на училиштата Бурбуќе Имери и Антоанета Палангурска, кои изразија подготвеност за реализација на различни проекти со учениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 06 февруари, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2026 година.
Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Македонија
Нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ги посетија новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово.
„Со денешната промоција целосно го заокружуваме процесот на реконструкција на новите просторни капацитети за Институтот за трансфузиона медицина во Тетово. За таа цел, од Институтот се инвестирани околу 8,3 милиони денари. Регионалниот центар за трансфузија во Тетово, како составен дел на Институтот, опфаќа и три помали центри: во Гостивар, Кичево и Струга. Овој регионален центар ја обработува крвта собрана од другите центри, нуди амбулантски здравствени услуги за пациентите, организира акции за дарување крв и ги снабдува клиниките и болниците во овој регион со крв и крвни продукти“, истакна министерот Алиу при посетата.

Тој нагласи дека Министерството во континуитет работи и на зајакнување на кадарот, посебно таму каде што се затекнати лица кои подолго време биле ангажирани со договор на дело.
„Во Институтот за трансфузиона медицина, кој има свои подрачни служби низ државата, кон крајот на минатата година заврши огласот за вработување и веќе се вработени вкупно 48 лица, а дел од нив се и тука во Институтот за трансфузиона медицина во Тетово. Продолжуваат нашите заложби за зајакнување на инфраструктурните и човечките капацитети во јавните здравствени установи, со цел подостапни и поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани во државата“, додаде Алиу.
Македонија
Сите патни правци во државата се проодни, магла на патот Штип – Неготино
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информира АМСМ.
Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри има на патниот правец Штип – Неготино кај Серта.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

