Македонија
(Видео) Груевски дојде на власт како дипломиран економист, по заминувањето стана доктор на науки
Експремиерот Никола Груевски докторираше на Економскиот факултет во Скопје на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“. По одбраната на докторската десертација, први му честитаа двете ќерки, а потоа и неговата мајка Нада, која му кажа „браво“. Меѓу присутните не беше неговата сопруга Боркица. Груевски четири часа пред петчлена комисија елаборираше за темата, а најчесто ги споменуваше странските инвестиции донесeни во Македонија во периодот на неговото владеење, поради, како што рече, реформските промени.
Откако во јавноста излезе информацијата дека Груевски ќе брани докторат, имаше реакции дека истиот е платен со државни пари, информација која тој ја демантираше. Се тврдеше и дека тој докторира откако ги партизирал сите институции, вклучувајќи го и Економскиот факултет во Скопје. Изминатите години јавно се зборуваше за неговиот просек на факултетот, кој бил 6.1, за потоа, додека бил премиер да преполага испити за да добие повисок просек од Економскиот факултет – Прилеп со цел да докторира. Груевски никогаш не ги демантираше овие тврдења.
Тој својата политичка кариера ја почна како дипломиран економист, а потоа, откако стана премиер во 2006 година, магистрира на Економскиот факултет во Скопје. Одбраната на докторската десертација доаѓа година и пол по неговото заминување од сите високи позиции.
Експремиерот и експретседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска цел час ја презентираше докторската дисертација, а комисијата неколкупати побара да ги скрати своите образложувања. Тој одговораше на 8 прашања поставени од комисијата и две од јавноста присутна во салата. По писмен пат, професорот Александар Костадиновски го праша Груевски „Како е испран странскиот капитал од Македонија, на кој начин и во кои држави е однесен“, на што тој одговори „Поранешната Влада презеде многу чекори за да се спречи можноста за перење пари“.
„Странски директни инвестиции во Македонија резултираа со пораст на македонскиот извоз од 1,9 милијарди во 2006 година, на 4,3 милијарди евра во 2016 година. Околу 40 посто се странски директни инвестиции или изразено во средства 1,7 милијарди“, рече Груевски презентирајќи го докторатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

