Македонија
(Видео) СЈО ги осомничи Груевски и Ахмети за пропаднатиот попис од 2011 година
Специјалното јавно обвинителство отвори истрага за пропаднатиот попис од 2011 година. Со истрагата се опфатени тогашните коалициски партнери, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кои според СЈО, ја злоупотребиле функцијата и му нанеле штета на буџетот од 175.123.909 денари. Причината за престанок на пописот, според СЈО, било тоа што со спроведениот попис ќе им се нанело огромна штета на угледот на лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Според обвинителката Фатимe Фетаи, Груевски и Ахмети се сомничат дека се договориле да го прекинат пописот во 2011 година за да се задржат на власт, а тоа да го прикажат во јавноста како неможност за реализација поради технички причини.
„Доказниот материјал упатува на сомневање дека во октомври во 2011 година осомничените ги искористиле своите овластувања и како одговорни лица, претседатели на политичките партии, ја злоупотребиле својата функција и го оштетиле буџетот. Постои основано сомнение дека како владејачка коалиција сакале да го сокријат фактот дека немаат политички капацитет да организираат реален попис, како и да ги сокријат неповолните факти за демографската и економската состојба, што резултирало со огромно иселување на работоспособното население. Помеѓу 10 и 11 октомври осомничените се договориле да го стопираат пописот на населението“, посочи Фетаи. Таа додаде дека двајцата тогашни лидери како причини за стопирање на пописот ги навеле проблемите од техничка природа и некадарност на институциите. Но, вистинската причина, спред СЈО, е што по започнувањето на постапката за попис на населението во земјава сфатиле дека пописот ќе им нанесе штета на тогаш владејачките ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ, па водејќи се од лични интереси и задржување на моќта во општеството, ја прекинале постапката, со што е предизвикана штета од над 175 милиони денари.
„По договорот со образложение дека со отпочнување на примена на Законот се јавиле недоречености, Владата до Собранието предложила да престане да важи Законот за попис на населението, па посредно преку парламентарните групи на 15 октомври 2011 бил изгласан закон со кој престанува да важи операцијата на попис. Сепак, причината не било тоа што е наведено од Владата туку осомничените сфатиле дека со пописната операција ќе им се нанесе штета на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и самите како лидери водејќи се од лични интереси и задржување на моќта одлучиле дотогаш потрошените средства да ги ‘фрлат во вода“, истакна Фетаи.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева информираше дека лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, кои се осомничени во случајот „Попис“, досега не дошле на распит, но кога ќе треба, според законските прописи, ќе бидат повикани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

